ДЕХРАН МУРАТОВ
Во целиот регион се бројат жртви, Македонија успешно се справува со пожарите, нема евакуирани и раселени лица, за среќа нема ни жртви. Во Турција загинаа 10 пожарникари и 14 се повредени, во Грција 7 жртви десетици повредени, додека регионот брои жртви, повредени и изгорени куќи и домови, Македонија успешно се справува и ги става под контрола пожарите, благодарение на брзата и навремена интервенција на службите, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите достапни ресурси и механизми, службите се мобилизирани и постојано се на терен во борбата со пожарите.
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ свесно манипулираат и дезинформираат дека „за среќа НЕМА ЖРТВИ во пожарите во Македонија“, да им ја освежиме меморијата дека оваа година има ДВЕ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ и стока.
Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера (на 06.07.2025) во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.
„Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Пожарите ја земаа втората жртва: Пронајдено тело близу пожарот во Крива Паланка
На (09.07.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во населбта Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид, информираат од МВР.
Две човечки жртви се повеќе од нула, нели!? Но, пропагандата гази и преку мртвите тела.