• Latest

Образование за резил резултати!

April 7, 2017

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Образование за резил резултати!

April 7, 2017 17:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Две третини од младите во Македонија на возраст од 15 години имаат потешкотии со читање и разбирање  проблем со математички операции и природни науки! Според наставниците, соговорници на ЦИВИЛ Медиа, кои тврдат дека работат под постојан притисок и дека од од нив се бара да бидат „волшебници“ – што само ги доведува децата во позиција на жртви, воведувањето на деветолетката, избрзаните реформи без никаква анализа и воведувањето на „Кембриџ“ програмата, како и очајниот неквалитет на учебниците кои не можат да се користат во наставата, покрај екстерното тестирање, деморализираноста на учениците и необезбедувањето основни средства за имплементација на „новитетите“, се дел од причините за катастрофалната ситуација во образованието…

„Проблемите околу ПИСА-тестирањето и лошите резултати кои ги покажаа учениците се подолготрајни и опфаќаат подолг период. Повеќето од нив се предизвикани од погрешните чекори, или ако сакате, од несоодветните реформи кои се воведуваат во образованието последните години наназад. Уште во 2000 година покажавме лоши резултати на ова тестирање. И не се виде ни напредок, ниту стагнација, туку пад, што се потврди со последново тестирање на ПИСА“, вели одделенската наставничка Гордана Угриновска, од ОУ „Елпида Караманди“ од Битола.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Угриновска, по објавувањето на поразителните резултати од ПИСА-тестирањето и извештајот на Светската банка, според кои, дури две третини од младите во Македонија на возраст од 15 години имаат потешкотии со читање и разбирање  проблем со математички операции и природни науки.

„Воведувањето на деветтолетката, како и промената на наставните програми и планови, се само дел од причините за лошите резултати. Настрана промената на учебниците кои имаат одредени пропусти и се со слаб квалитет. На наставниците им се даде избор да бираат учебници од различни автори, па така, училишта од исти градови работаат со учебници од различни автори, во кои се среќаваат различни објаснувања и поими, кои можеби и предизвикале различно поимање од учениците. Воведувањето на ‘Кембриџ’ програмата за математика и за природни науки, уште повеќе придонесе кон намалување на квалитетот на образованието“, вели Угриновска, осврнувајќи се на причините за лошите резултати.

„Влошување на работите предизвика воведувањето на учениците во математиката со оваа програма, која постојано бара наставникот да биде ‘волшебник’, за да ги создаде или сам да ги набави потребните ресурси – за да може некако да ги реализира содржините. Содржините немаат некоја поврзаност, постапност, систематичност при  формирање на математички знаења кои произлегуваат едни од  други.  На овој начин, кај нас наставниците, се создава забуна и различен пристап во работата, а можеби, во некои случаеви, и вулгаризирање на работата, само со цел да се дадат било какви резултати, кои немаат квалитет. Учениците како да имаат многу податоци, факти, активности (некаде и премногу игровни активности), но не знаат како да ги систематизираат и да ги стават во функција истите“, објаснува Угриновска.

Според неа, најголем проблем за лошите резултати на ПИСА-тестирањето е воведувањето на екстерното тестирање: „Децата се деморализирани и незаинтересирани да се стекнат со квалитетно знаење“.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со одделенски наставник – обучувач за програмата ‘Кембриџ’ по математика, кој сакаше да остане анонимен.

„Последните години во одделенска настава има голем број на реформи што се прават без посебна анализа. Пред да се видат резултатите од воведување на деветтолетката, се воведе Кембриџ. Реформите се воведуваат во одделенска настава и тука завршуваат. Наставниците целосно се посветени и макотрпно работат на сè она што ни се наметнува со овие реформи. Мора да се следат шаблоните, затоа што од Инспекцијата – само за тоа се интересираат. Програмата ‘Кембриџ’ можеби и немаше да биде толку неуспешна, да не беа учебниците толку лоши, без никаков квалитет! Наставниците се под постојан притисок да им пренесат што повеќе знаење во краток период и децата се – жртви!“

Според соговорничката на ЦИВИЛ Медиа, тоа се случува поради започнувањето реформи „на јуриш“, без претходна подготовка и незаинтересираноста на инспекцискиот надзор за вистински квалитет во образованието. .

„Учебникот ‘Кембриџ’ беше подготвен една недела пред почетокот на учебната година. Учебниците за природни науки се катастрофа! До трето одделение, учебниците на учениците им се дома, воопшто не ги користат. Бараат од нас да истражуваме, но учебникот мора да е основниот извор на знаење за учениците. Учебник по Општество три години немаме! Се вративме на тетратки… Инспекторите се интересираат за тоа кои техники се користат, за суштината никој не се интересира! Квалитетните кадри во минатото беа резултат на квалитетните учебници, што не е случај сега. Знаењето што се добива по хемија и физика е недоволно и затоа се учениците речиси неписмени по овие предмети, тоа мора да се промени! Исто така, проблем се ресурсите, Министерството за образование со воведувањето на ‘Кембриџ’ – воопшто не одвои средства за имплементирање, коцки од десет денари не ни обезбедија“.

Во тешка ситуација се доведени и родителите.

„Програмата е жива глупост! Покрај дополнителниот ангажман што треба да го вложуваат како просветните работници, така и родителите, сите ние, како родители, сме ставени во позиција да ги исправаме грешките и празнините во образовниот процес. Деца на 6 или 7-годишна возраст се преоптоварени со небитни информации, а изоставени се битни теми кои се основа за она што понатаму треба да се изучува. Да не зборуваме за книгите и учебниците кои се со очаен превод и со невидени небулози“, резигнирано ни изјави М. И., мајка на ученик во второ одделение.

Марија Теговска

Tags: катастрофаКембриџ програманаставнициобразованиеочајни учебнициПИСА тестирањереформиродителиСветска банкаУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ