• Latest

Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите

April 8, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите

April 8, 2017 11:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Mеѓународниот ден на Ромите – 8 април, Советот на Европа ќе организира голем број настани во пресрет на чествувањето на ромската култура, како и за подигнување на нивото на свеста на пошироката јавност – за состојбата, прашањата и проблемите поврзани со непочитувањето на човековите права, со кои се соочуваат Ромите. По повод 8 април, со соопштение излезе и Рекс Тилерсон, државен секретар на САД, кој им го честиташе Денот на Ромите на повеќе од еден милион Американци со ромско потекло.

Во Македонија, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, претседателот Ѓорѓе Иванов, се сретна со претставници на политичките партии на Ромите во Република Македонија. На средбата било истакнато дека Република Македонија во европски рамки е лидер во почитувањето на правата на Ромите, како рамноправна заедница со сите други заедници во државата, согласно нивните уставно загарантирани права.

Со ваквите заклучоци од средбата на Иванов со претставиниците на ромските партии, единствено не се согласил Самка Ибраимовски, лидерот на ПЦЕР, кој ја одбил поканата од Иванов за честитање на националниот празник на Ромите.

„Ромите не живеат само еден ден, годината има 365 дена, тоа е едната причина, а втората причина е што го потпиша Законот за патни исправи – за одземање на пасошите на Ромите од граничните премини. Зошто тогаш не размисли, како што сега размислува за мандатот што не го дава на Зоран Заев. Законот за патни исправи јас го поништив преку Уставниот суд, но каде е неговата одговорност како претседател кој го потпиша тој закон и каде беше кога ги враќаа Ромите од граница“ изјави Ибраимовски за медиумите.

По повод денешниот празник се огласи и здружението на Ромите „Ромска ѕвезда“ од Битола кое посочува дека во однос на проблемите со кои се соочува оваа заедница, главни приоритети се вработувањето и образованието.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во изминатата година забележа тешки кршења на човековите права на Ромите. Од податоците со кои располага ЦИВИЛ, најголем дел од овие прекршоци се однесуваат на злоупотребата на малолетниците, поткупот на гласачи, како и ненавремено пружање помош и поддршка, како од здравствените институции, така и од државата во целост.

Најсвежи примери за негрижата на државните институции се смртните случаи на двајцата млади Роми, Ердал Јусинов и Андриас Реџепов, во затворите во Идризово и во Штип.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ѓорге ИвановЕУМакедонијаМеѓународен денПЦЕРРомиСАДСамка Ибраимовскичовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result