• Latest

Локалните избори 2025, политички наративи, злоуотреби и ризик од дезинформации: Што треба да знаеме?

August 8, 2025
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Локалните избори 2025, политички наративи, злоуотреби и ризик од дезинформации: Што треба да знаеме?

August 8, 2025 12:46
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЕДУКАЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека земјата се подготвува за локалните избори 2025, јавниот простор сè повеќе се исполнува со селективни интерпретации на реалноста, контроверзии и конфузни пораки до граѓаните. Заедно со неуредениот институционален амбиент – како што е ситуацијата со оставката на претседателката на ДКСК и доцнењето на распишувањето на изборите, како и неконзистентните законски решенија и реформи во изборниот систем – се создава плодна почва за појава на дезинформации и политички наративи кои може да го загрозат интегритетот на целиот изборен процес.

Политичките актери, медиумите и корисниците на социјалните мрежи играат значајна улога во формирањето на јавното мислење, а токму за време на изборите се зголемува бројот на случаи на свесно пласирање на полуинформации, селективно претставување на факти или целосни невистини. Целта често не е само да се (дез)информира јавноста, туку да се насочи вниманието кон определена партија, лидер или тема – или, пак, да се создаде недоверба во изборниот процес.

Со потпалувачки изјави од главните политички актери, засилени во предизборието, се поттикнува говорот на омраза и ксеновобичните, националистички пароли кај дел од граѓаните, најчесто на масовни собири и спортски натпревари, како што беше последниот слушај на антиалбанско скандирање на кошаркарски натпревар во Куманово, на кое му претходеше изјава на премиерот во која го обвинува поранешниот министер за надворешни работи, припадник на албанската етничка заедница,  дека директно ставил нож во плуќата и заковал шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет, прифаќајќи го францускиот предлог.

Од своето долгогодишно искуство во набљудување на изборни процеси, ЦИВИЛ континуирано укажува на опасностите од дезинформации и координирани политички наративи кои имаат цел да ја изместат вистинската слика за изборниот процес. Во своите извештаи, ЦИВИЛ честопати нотира случаи на говор на омраза, манипулација со јавноста преку лажни вести, злоупотреба на јавни ресурси и притисоци врз гласачи – појави кои директно влијаат на интегритетот на изборите и демократските процеси во државата.

Што е што во изборен контекст

1. Што е политички наратив и како функционира?

Политички наратив е селективно и насочено раскажување или толкување на реалноста, креирано од страна на политички актери, со цел да влијае врз јавното мислење, емоциите и однесувањето на гласачите. Тоа е „приказна“ што политичарите или партии ја нудат за тоа кои се проблемите, зошто постојат, и кој е „вистинскиот“ начин да се решат.

На пример, во 2021 година ЦИВИЛ забележа како темите за пожарите, пописот и пандемијата беа спинувани во изборната реторика за да се создаде наратив на „спасител против некомпетентна власт“. Наративите ретко одговараат на вистинските локални проблеми – како квалитет на инфраструктура или локални услуги – туку го „спуштаат“ националниот политички дискурс на локално ниво.

2. Што се дезинформации во изборен контекст?

Дезинформации во изборен контекст се намерно пласирани лажни или манипулативни информации со цел да се влијае врз исходот на изборите или да се поткопа довербата во демократскиот процес.

ЦИВИЛ документира многу такви случаи низ годините, како:  фалсификувани документи за наводно вработување на етничка основа во УЈП – Штип (2020), монтирани видеа со цел поттикнување етничка нетрпеливост пред претседателските избори 2024, лажни анкети и „инсајдерски“ информации за предност на одредени партии, објавувани преку анонимни Фејсбук страници.

Овие содржини се шират преку социјалните мрежи, Вибер групи и портали без уредничка одговорност, со цел да влијаат врз довербата на гласачите и да ги демобилизираат противниците.

3. Што е злоупотреба на функции и јавни ресурси?

Злоупотреба на функции е кога носители на јавни функции (градоначалници, директори, министри) користат позицијата за лична или партиска корист, наместо во интерес на сите граѓани. Злоупотреба на јавни ресурси подразбира користење на државни пари, возила, објекти, администрација или медиуми за промовирање на партија или кандидат за време на изборна кампања.

ЦИВИЛ посотјано укажува на злоупотреби на јавни ресурси во изборни кампањи – од службени возила и објекти, до јавна администрација. Наи зборите низ годините не еднаш биле евидентирани автобуси и комбиња од општини користени за митинзи, ученици организирано носени на партиски настани, во време на часови, предизборни вработувања, особено во образовни и здравствени институции, реклами во јавни медиуми платени од општински буџети, но со партиска содржина.

4. Разлика меѓу национални и локални наративи во контекст на локалните избори

Национални наративи се приказни и теми кои доминираат на државно ниво, често поврзани со идентитет, геополитика, стабилност, големи реформи, меѓуетнички односи.

Локални наративи се насочени кон општински прашања – вода, инфраструктура, отпад, локални економски проекти, транспарентност на општината, квалитет на образованието и здравството.

Националните наративи често се апстрактни и идеолошки, но можат да се користат за мобилизација и поларизација, додека локалните наративи се конкретни и блиски до секојдневието на граѓаните, но се често потиснати од националната реторика, дури и на локални избори.

Иако изборите се локални, наративите што доминираат дури и пред распишување на изборите, често се национални. Наместо дебата за комунални услуги, јавен превоз, отпад, граѓаните слушаат за „одбрана на државата“, „опасност од федерализација“ или „странски влијанија“.

ЦИВИЛ во своите мониторинзи постојано укажува на ваквата замена на теми, што ја маргинализира локалната агенда и ги оддалечува граѓаните од вистинските прашања на кои треба да се даде глас.

ЦИВИЛ секогаш буден!

ЦИВИЛ – Центар за слобода е партнер на граѓанките и граѓаните во одбрана на демократијата и правото на глас 

Локалните избори не смеат да бидат заложници на национални политички наративи, дезинформации и партиски интереси кои ја поткопуваат довербата во изборниот процес. Искуството на ЦИВИЛ покажува дека дезинформациите, злоупотребата на јавни ресурси, менувањето на локалниот дискурс со национален, не се инциденти и исклучоци туку повторливи практики што го нарушуваат фер изборниот натпревар.

Соочени со предизвикот на избори спроведени под притисок и институционални празнини, граѓаните имаат право – и одговорност – да бараат отчетност, транспарентност и фокус на реалните локални проблеми.

ЦИВИЛ е тука да ја зајакне јавната свест, да ги разобличи дезинформациите, да укаже на злоупотребите и да им помогне на граѓаните нивниот глас да биде слушнат и заштитен:

  • Информирајте се од релевантни извори.
  • Пријавете нерегуларности, притисоци, закани, насилство, корупција, дезинформации или говор на омраза.
  • Препознајте и спречете штетни појави преку споделување на точни информации.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

Б. Јордановска
Д. Мишев 

 

Tags: дезинформациилокални избориполитички наративицивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ