• Latest

24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

August 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

August 11, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

Последниот „медиумски манипулативен хит“ на Плусинфо насловен: ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ СИ ГИ ЛАДАТ НА ЈАХТА НА ХАЛКИДИКИ Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори, каде што се објавени фотографии од поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, актуелниот претседател на опозициската СДСМ, Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, е класичен пример за нарачана пропаганда маскирана како вест. Без автор, без потпис кој е фоторепортерот, без одговорност – а тоа отвора прашања: кој го пишува овој текст и во чие име?

Последниот медиумски напис за наводната „луксузна дружба“ во Халкидики е уште еден пример како сензационализмот и манипулативните наративи се користат за политичка дискредитација во пресрет на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври и (2 ноември втор круг). Текстот има јасна цел да ги прикаже кандидатите на СДСМ како незаинтересирани, елитистички и оддалечени од реалните проблеми на граѓаните – што е класична стратегија во предизборна борба.

Со реакција веднаш се јавија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека фотографијата што ја објавија медиумите, а на која се гледа како актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, уживаат на јахта во Грција, го покажува целиот раскош и раскалашеност на СДСМ и нивното раководство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

-Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде разумна и праведна. Не може некој кој од заседа кукавички одземал животи и убивал припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, тоа не може да биде праведна и чесна војна, барем не во Мекедонија, не коментирам за соседството. Но, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно Законот за правична застапеност кој е во Венцијанската комсиија, тој е затворен, изјави Мицкоски.

РЕГИОН

Русија во „офанзива“ за спасување на мандатот на Додик

Се започна со реакцијата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, продолжи со невообичаено остра изјава од руската амбасада во Сараево, а засега резултираше со итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации, пишува РСЕ, за случувањата по одземанњето на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

На Додик му беше одземен мандатот како претседател на РС, откако беше законски осуден на една година затвор и му беше забрането да извршува јавни политички функции во следните шест години, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

СВЕТ

Пет новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа

Пет новинари на Ал Џезира, вклучувајќи го и истакнатиот новинар Анас ал-Шариф, се убиени во израелски напад во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа, соопшти телевизијата, пренесува Би-би-си.

Ал-Шариф и друг дописник, Мохамед Крејкех, заедно со снимателите Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алива, биле во шатор за новинари пред главната порта на болницата кога таа била нападната, објави Ал Џезира.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

Во Албанија, пред три дена владата го исклучи сигналот на телевизијата „Њуз24“откако полицијата и војската слетаа во зградата каде што се наоѓаше телевизијата, не дозволувајќи им на вработените да влезат. Албанските новинари денеска протестираат и порачуваат дека затворањето на медиуми е силен аларм за демократијата, пренесоа албанските медиуми.

Судијата Радомир Лабан се најде во фокусот на јавноста, откако косовската претседателка Вјоса Османи го повлече барањето од уставниот суд за конституирање на собранието, поради сомневање за безбедносен ризик токму од страна  на судијата, кој во Србија е осуденик, пипуваат косовските медиуми.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се гласа за градоначалници или за партии?

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објави експанзијата на својата клучна мониторинг-единица за дезинформации и пропаганда, со тоа што ја преименува во ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (на англиски: Civil Hybrid Threats Monitoring – CHTM). Одлуката ја одразува стратешката промена на организацијата кон поширок и поинтегриран пристап во справувањето со сложениот спектар на хибридни закани со кои се соочуваат Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.

Првично насочен кон мониторинг на дезинформации и пропагандни кампањи, овој тим, сега преименуван на начин што ќе го отсликува проширениот мандат кој вклучува детекција, анализа и разобличување на дезинформации, странски операции на влијание, сајбер манипулации и напади, политичко мешање, говор на омраза и други компоненти на хибридното војување.

„Хибридните закани еволуираат, а тоа ја наметнува потребата и ние да ја следиме таа динамика,“ изјави Џабир Дерала, основач на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на организацијата. „Овој тим повеќе не е само за следење на лаги во медиумите. Станува збор за одбрана на демократијата во нејзината суштина. Тоа значи директно соочување со софистицираните и често координирани напади врз вистината, мирот и стабилноста.“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Рускиот модел на употреба на хибридните закани врз Македонија е различен од оној утврдениот (видливиот) кој се употребува кон земјите на Западна Европа.

Зошто овој модел е различен, а со тоа и пристапите, односно инструментите се повеќебројни? Едноставно, затоа што Македонија покажува системска нефункционалност на институциите на системот, слаба образовна база на населението, изразена религиозност и проруски сентимент во рамките на Православната вера, економска слабост на државата, сиромаштија кај населението, опкружување, митологија во живеењето и несоодветно компарирање или глорифицирање на улогата на Русија на Балканот и посебно во историјата на Македонија, користење на старата и новата разузнавачка мрежа од Русија, како и користењето на влијанијата од Србија и Унгарија, особено во економските и политичките одлуки што е посебно изразено“, пишува Оливер Андонов во анализата РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1).

*

„За разлика од многу обиди на аналитичари кои се обидуваат да се запрашаат зошто основачот од Катар се повлекува од Балканот, па не изрекува некаков суд, мое мислење е дека постои незадоволство од прифаќањето на про-арапската политика на овој простор, барем од официјалните власти. Независно од тоа што невладиниот сектор и интелектуалците во земјите на екс-Југославија мислат – да речеме – за геноцидот во Газа, и колку да е тој однос подржан и од бриселската администрација, ставовите на владите во Загреб, Скопје или Белград едноставно укажуваат дека влијанието на сликите од Ал Џезира Балканс е слабо или недоволно! Секако, секој основач има право да си направи „есап“ во вакви ситуации и да процени дека трошокот на редакцијата, иако дал резултат во јавноста (би рекле и заради програмите на другите независни медиуми) тој не станал влијателен. За тоа говори и анализата на италијанската Опсерваторија на Балканот, под наслов „Затворањето на Ал Џезира Балканс е голем удар за медиумската слобода и плурализмот во регионот“, пишува Љубомир Костовски во анализата „MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ: Западниот Балкан – заспиј ако можеш (1 дел)“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ