Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ откри дека во шестото крило на затворот „Идризово“ се шири радикален ислам и бројот на следбеници постојано расте.
Тој објасни дека проблемот е сериозен бидејќи затворот нема ќелиски систем, а затворениците престојуваат во заеднички простории, што овозможува ширење на идеологијата.
„Интересно е што поголемиот дел од тие лица се примерни затвореници. Но, повторно се соочуваме со истиот проблем – нема начин да ги изолираме. Тие се заедно со повеќе затвореници и тоа овозможува влијание врз другите. Ако имавме ќелиски систем, двајца такви радикали ќе ги сместевме во одделни ќелии и работата ќе беше завршена“, изјави Пандов.
Тој додаде дека е „жално што наместо другите да ги одвратат од радикализмот, тие успеваат да го шират меѓу останатите затвореници“.