Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х на 1272 ден од руската војна во Украина пишува дека и покрај целата дипломатија и напорите за мир, продолжуваат руските напади врз Укаина кои резултираат со загинати и повредени цивили, меѓу кои и деца.
Ден 1272.И покрај целата дипломатија и напорите за мир, рф продолжува да убива цивили Ова е станбена зграда во Харкив Синоќа рф уби најмалку 5 лица,меѓу кои и 2 деца (девојче-1,5;момче-16),и повреди многу други Спасувачите сè уште ги расчистуваат урнатините #RussiaIsATerroristState, пишува амбасадорката Дир на Х.
Ден 1272.И покрај целата дипломатија и напорите за мир,рф продолжува да убива цивили
Ова е станбена зграда во Харкив
Синоќа рф уби најмалку 5 лица,меѓу кои и 2 деца(девојче-1,5;момче-16),и повреди многу други
Спасувачите сè уште ги расчистуваат урнатините#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/mwa0FP9epQ— Larysa Dir (@dir_larysa) August 18, 2025
Како што објави претходно денеска ЦИВИЛ Медиа, најмалку осум цивили беа убиени, а 35 повредени во руските напади низ Украина во текот на изминатите 24 часа, кои се случија неколку часа пред средбата на претседателот Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп и неколку дена по самитот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.
Д. Мишев