• Latest

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025 14:02
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА | ШТО Е ШТО, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Избирачки список е официјална евиденција на сите граѓани со право на глас во една држава.

Неговата улога е да обезбеди транспарентност и точност во изборниот процес, да гарантира дека секој граѓанин ќе може да гласа само еднаш и да спречи изборни злоупотреби.

Во него се запишуваат податоци како:

  • име и презиме на гласачот,
  • датум на раѓање,
  • адреса на живеење,
  • избирачко место на кое треба да гласа.

Во Северна Македонија, Државната изборна комисија (ДИК) го води и ажурира Избирачкиот список, врз основа на податоци од Министерството за внатрешни работи и други институции. Избирачкиот список во Изборниот законик е дефиниран како јавна исправа што се води за целата територија на државата врз чија основа се спроведуваат изборите и референдумите на државно и локално ниво. Тој се води според Регистарот на државјаните, во вид на регистар на избирачи со автоматска обработка на податоците.

Секој граѓанин има право да провери дали е запишан во списокот и дали податоците му се точни.

Кај нас Избирачкиот список често е предмет на дебата и критики.

Најчести проблеми кои се провлекуваа низ годините:

  • Дупликати и „фантоми“
  • Запишани лица кои реално не живеат на дадената адреса или одамна се иселени во странство
  • Сомнежи за починати лица кои сè уште фигурираат во списокот.
  • Неточни податоци
  • Грешки во адреса, презиме или матичен број.
  • Граѓани кои пријавуваат дека се запишани на друго избирачко место, различно од реалното.
  • Немање ажурирање во реално време
  • Податоците се ажурираат бавно, бидејќи зависат од размена помеѓу институции (МВР, УЈП, Управата за водење на матични книги итн.).
  • Недоверба во институциите
  • Поради претходни политички кризи, постои сомнеж дека списокот намерно се остава неточен за да се овозможи изборна манипулација
  • Иселеништво

Голем број македонски граѓани кои живеат во странство сè уште фигурираат во списокот, но ретко гласаат, што отвора простор за сомнежи во злоупотреби.

Затоа, пред секои избори ДИК отвора период за јавен увид, кога секој гласач може да провери дали е запишан и дали податоците му се точни.

Јавниот увид започнува на 23 август а завршува на 11 септември во 24 часот. Доколку граѓаните воочат грешки, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК и ги приложуваат потребните докази. ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето.

За гласачите е битно да знаат дека ДИК е надлежна според Изборниот законик да ги заштити податоците од Избирачкиот список кои не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на гласачкото право на граѓаните. Законот предвидува регистрираните политички партии, коалициите и независните кандидати, односно овластените претставници и нивните заменици на подносителите на листа на кандидати не можат да ги користат избирачките списоци на денот на изборите за евидентирање на лицата кои гласале.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ