ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ
Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври.
Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси.
На обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и Повелбата на набљудувачите на ЦИВИЛ, со која набљудувачите се обврзуваат да бидат непристрасни и објективни.
Долгорочните изборни набљудувачи на ЦИВИЛ се ангажираат во период од шест недели и имаат работни задачи што се однесуваат на целата изборна единица што им е доделена. На денот на гласање тие ги координираат активностите и на краткорочните набљудувачи во нивната изборна единица.
Краткорочните набљудувачи се ангажираат на денот на гласањето во првиот круг и – таму каде што е потребно – во вториот круг на локалните избори.
Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ.
Изборните набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно секој набљудувач има обврска да покрие повеќе избирачки места.
ЦИВИЛ – Центар за слобода