• Latest
Војо Маневски

Кучињата пуштени а камењата врзани

September 2, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кучињата пуштени а камењата врзани

September 2, 2025 12:10
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Како да се опише една состојба кога од нас граѓаните се бара само да слушаме, да не се туркаме напред, да не остануваме на опашката а во средина да не правиме гужва. Изгледа нѝ преостанува само да ги гасиме телевизорите кога ќе се појави блокот за изборни партиски активности. Влијанието на пораките е опасно по менталната состојба на граѓаните. Да се обидеш да разбереш нешто а однапред знаеш дека има само рекламна вредност и никогаш нема да се реализира до крај е како да се шеташ ноќе низ село а кучињата се пуштени. Наместо тие да бидат врзани, камењата со кои можеш да се одбраниш се врзани.

Затоа донесов стратешка одлука да не следам ниту еден партиски прес ниту да гледам било чиј партиски спот. Кревко ми е здравјето и не сум сигурен дека сето тоа можам да го издржам.

Но сепак и во вакви времиња има една тема која се повеќе ја разбранува јавноста. Цените на становите се толку високи што веќе тешко може да се најде објаснување врзано со пазарните законитости на понудата и побарувачката. Прашање кое се поставува последните пет години е „ од каде пари на граѓаните да купуваат станови по такви цени а голем дел од нив не живеат во нив?“ Каде ги чуваат тие средства. Во чорапи во перници или во банките.

Ако има толку слободни средства зошто владата не донесува економски мерки кои ќе ги заинтересираат граѓаните да ги вложуваат овие средства во разни финансиски инструменти што ќе им донесуваат добивки. Не е задача на владата да сече само ленти на споменици или градинки туку постојано да ја гради државата. Да ги доградува нејзините механизми за да имаат корист граѓаните. Зошто ни ѐ инаку и влада и држава ако ја пцуеме и напуштаме. Зошто тогаш има потреба од избори и гласање кога не ја гледаме перспективата овде.

Изјавите на гувернерот за мерките кои Народната банка ги предложува за намалување на цените на станбениот квадрат треба да се основа за сериозна дебата. Изјавата дека половината од становите се купуваат во готово мораше до сега да наиде на соодветен одговор од министерството за финансии и УЈП. Засега само кротки реакции и од стручната фела.

Ставот на гувернерот дека стабилноста на банкарскиот систем се засновува на евтиниот капитал кој го собираат од граѓаните и државата преку обврзниците што секој месец се на пазарот исто не наиде на поголем одек. Деветстотини милиони евра се земени од банките на домашниот пазар од страна на владата и засега нема анализа што тоа значи за јачината на влијанието на банките како доверители на државата.

Државата не успева да се справи со трговските  синџири кои патем се на нашиот пазар со амин на некоја од досегашните влади  а да влезе во „дијалог“ со банките во овој момент изгледа невозможно.

Дијагнозата е скоро иста и во двата случаи. Затвореност на пазарот не дозволува ефектуирање на користа од здрава конкуренција. Слабата понуда на средства или производи ги бутка играчите на пазарот во некаква договорна економија од која имаат добра корист и немаат голем ризик.

Се сеќава ли некој за парите од унгарскиот кредит и нивната прокламирана намена ?. Да се стават на располагање поевтини пари на домашното стопанство за да закрепне после Ковидот и финансиската криза во Европа. Има ли јавноста информации каде отидоа тие пари и кој е ефектот од тој кредит. Одговорот побарајте го во вкупниот износ на задолжување на домашниот пазар и листата на банки кои ја кредитираат државата.

Се уште нема ставови на банките околу идејата на гувернерот за различни камати за станбените  кредити.  Важно е што тие од Народната банка ќе побараат како компензација за ваквата политика и како тоа ќе се одрази на монетарната политика за која е задолжена Народната банка.

Освен опсесијата за споредување на бројки и проценти засега опипливи резултати од економските политики на владата нема . Би било добро владата да се произнесе и околу ставот на гувернерот за различно оданочување на оние што живеат во становите и сопствениците кои ги издаваат или едноставно ги чуваат становите како свој влог во иднината .

Вистински одговор би било кога владата со издржани политики  ќе почне да го раздвижува финансискиот пазар. Не се работи само за фискални мерки туку и постепено менувања на мислењето на граѓаните. Тоа е политика на градење на државата а не пароли и црвени панделки.

Нашите граѓани имаат едно врежано мислење дека станот не е само место за живеење туку дом каде емотивно е поврзано семејството. Кога имаат шанса да земат кредит за купување на стан, наместо да плаќаат кирија тие секогаш земаат кредит водејќи се од заклучокот дека кога ќе ги исплатат ратите ќе имаат сопственост над станот а со кириите му го отплаќаат кредитот на сопственикот на станот.

При тоа скоро никој не размислува за целокупниот износ на платените средства кога ќе заврши отплатата. Се гледа само големината на месечната рата, и дали домашниот буџет тоа може да го поднесе. А вистината е дека на кредити од 15 или 20 години и со вакви камати се враќа скоро двоен износ на цената на станот. Секако овде е влијателно и мислењето дека станот купен на кредит а во кој не живее сопственикот ќе може да се издаде под кирија и ќе се отплатува ратата. Ако е така зошто тогаш во Скопје а и во другите градови низ државата има толку станови во кои навечер не се пали светилката?

Зошто банките би имале интерес да даваат кредити на стопанствениците и да зависат од бизнис плановите на компаниите, кога вака можат да имаат добри профити со кредитирање на државата и граѓаните .

Тоа што становите не  можат да донесат додадена вредност освен на ,  шпекулативниот пазар на недвижности, изгледа не е во фокусот на програмите во кампањите на политичките партии. Еве сега ќе имаме таква кампања за локалните избори. Ќе имаме ли најава за политики поврзани со просторното планирање на градовите, достапни станови за младите и сл. Децата се повеќе имаат издолжени вратови гледајќи преку граница а постарите гледаат политички кампањи од кои тешко дека нешто ќе се реализира.

Ако веќе не можеме да ги врземе кучињата тогаш да ги одврземе камењата . Не само да се браниме од кучињата туку и како педагошко средство за нашите тврдоглави глави. Со свој камен по глава е отрезнувачки.


 Текстот е личен став на Авторот. 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ