• Latest

Присуството на делегациите на Словачка, Унгарија и Бугарија на парадата во Кина ги поткопува напорите на ЕУ за мировен договор и повоена поддршка за Украина

September 5, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Присуството на делегациите на Словачка, Унгарија и Бугарија на парадата во Кина ги поткопува напорите на ЕУ за мировен договор и повоена поддршка за Украина

Додека Северна Македонија јасно ја поддржува Украина на политичко поле, нема индикации дека земјата е вклучена во оваа конкретна рамка на повоена поддршка, иако во август 2023 година земјата се приклучи на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина и стана 15-та земја што го направи тоа.

September 5, 2025 14:50
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека Владимир Путин маршираше на чело на парадата за Денот на победата во Пекинг заедно со Си Џинпинг, Ким Џонг Ун и Лукашенко, таму беа и тројца  претставници на ЕУ: Роберт Фицо, премиер на Словачка, Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија и Атанас Зафиров, вицепремиер на Бугарија.

Нивното присуство не беше само симболично – туку беше срамнo. Стоејќи покрај автократи, воени злосторници и брутални диктатори, тие ги предадоа демократските вредности за кои тврдат дека ги претставуваат како членки на ЕУ. Истовремено, тие ги поткопуваат напорите на ЕУ за изнаоѓање некаков иден мировен договор во Украина, како и напорите да обезбедат распоредување војници за одвраќање на руската агресија во Украина по примирјето, на што формално се обврзале 26 земји, како што објави францускиот претседател Емануел Макрон по самитот во Париз на кој присуствуваа повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Иако Макрон не наведува кои се тие26 земји кои се обврзаа за пост-воена поддршка, речиси сигурно е дека  меѓу нив не се наоѓаат Унгарија или Словачка, имајќи ги предвид нивните досегашни позиции — Унгарија се повлече од некои заеднички формати, а Словачка има спротивставени изјави во врска со директна помош — изгледа дека тие не се дел од оваа нова иницијатива, додека и двете влади се противат на санкциите на ЕУ кон Русија, а нивните лидери важат за најблиски пријатели со Путин помеѓу лидерите на земјите членки на ЕУ.

Бугарија, од друга страна, континуирани пружа политичка поддршка, но и воена помош на Украина, и според последните информации, таа е меѓу 26-те земји кои ветија поддршка за повоената безбедност на Украина во рамките на самитот на „Коалицијата на волни“ во Париз.

Бугарија, иако не испраќа војници, изрази волја да допринесе преку морски активности во Црното Море, како на пример чистење од мини.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков рече дека неговата земја нема планови да испрати војници во Украина, но дека е подготвена да придонесе во поморските напори во Црното Море, како што е деминирањето.

„Ќе останеме во рамките на поморскиот домен“, рече Жељазков во Софија по средбата со Антонио Коста, шефот на Европскиот совет.

Бугарија, исто така, сака да формира регионален безбедносен сојуз со соседните Романија и Турција, рече тој.

Токму затоа , донекаде зачудува посетата на воената парада во Кина на неговиот заменик премиер, Атанас Зафиров кој ја предводеше делегацијата на БСП во официјална посета на Кина, додека во делегацијата беше и министерот за регионален развој Иван Иванов.

Ова доведе до жестоки реакции во Бугарија, каде во четвртокот беше прочитана декларација во Парламентот од партијата „Продолжи ја промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) која побара оставка од Атанас Зафиров како вицепремиер во врска со неговото присуство на воената парада во Пекинг на 3 септември, на која присуствуваа и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Декларацијата ја прочита од собраниската говорница пратеничката Елисавета Белобрадова од ПП-ДБ.

Повикот до Зафиров да се повлече прв дојде во средата од пратеникот на ПП-ДБ, Ивајло Мирчев, кој рече дека премиерот треба самиот да побара оставка од Зафиров „ако не сака ва понижување да продолжи“.

„Навредени сме од целосниот недостаток на принципиелност што го покажа Атанас Зафиров: како член на владата, како претставник на државата, како јавна личност, па дури и како Бугарин. Ако си дозволи, во личен капацитет, да заземе антибугарски и антизападен став, тоа мора да остане строго лично и да не ја имплицира нашата земја. Затоа бараме негова оставка од функцијата вицепремиер во врска со неговата посета на Кина“, рече Белобрадова.

Премиерот Росен Жељазков се дистанцира себеси и владата од посетата на социјалистите и рече дека слушнал за тоа кога слушнале сите други Бугари и дека Зафиров и Иванов биле на отсуство за време на патувањето во Кина.

„Дури и ако премиерот претходно не бил информиран за околностите околу присуството на Зафиров на парадата, самиот факт дека друг член на кабинетот, Иван Иванов исто така бил присутен на настаните во Кина бара јасно преземање на одговорноста“, изјави ЦК-ДБ.

„Доколку Росен Жељазков и ГЕРБ не изразат јасен став, со право можеме да претпоставиме дека ова ја одразува официјалната политика на кабинетот, за која тие сносат целосна одговорност. Доколку ГЕРБ продолжи да го оправдува и брани Зафиров, нивната политичка и геополитичка позиција ќе биде срамна и осудувачка, но пред сè, целосно непринципиелна“, рече Белобрадова.

Белобрадова, исто така, коментираше дека се појавила сериозна конфузија бидејќи сите официјални кинески медиуми објавуваат дека Бугарија го потврдила своето учество и дека бугарскиот заменик-премиер бил дел од официјална државна делегација.

Во Словачка, иако владата доби поддршка од Пекинг, на домашна сцена посетата на Фицо на Пекинг беше силно критикувана и разгледана како знак на растечка изолација од западниот курс. Влијателниот словачки медиум со либерална ориентација SME, излезе со остри критики кон Фицо. Во коментарот стои:

„Неговото присуство во друштво на белорускиот диктатор Лукашенко, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и воинствениот Путин нема да му помогне на Словачка на никаков начин. … Тој ја дискредитира сам себеси во очите на мнозинството Словачки. И уште полошо, тој се изолира меѓународно целосно.“

И претходно, реакциите на Фицовата политика — која се смета за проруска и нагласено скептична кон ЕУ и НАТО — предизвикаа големи протести низ земјата (до 110.000 луѓе), со слогани како „Словачка не е Русија, Словачка е Европа“.

Во Унгарија, изостанаа значајни јавни критики во медиумите или протести. Унгарија, под водство на Орбан и Сијарто, веќе има добра економска и политичка блискост со Кина, така што посетата не предизвика исто ниво на контроверзија како во Словачка и Бугарија.

Во соседна Србија, која не е членка на ЕУ и НАТО, силни реакции за посетата на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Пекинг и средбата со рускиот претседател Путин имаше пред се на социјалните мрежи, ако се земе предвид дека најголемиот дел од медиумите се под силно владино влијание. Особено критички беше коментирана средбата на Вучиќ со Путин, на која, иако српскиот претседател се обидуваше да зборува руски, тоа очигледно не го привлече вниманието на Путин, кој остана незаинтересиран за време на средбата, за цело време вртеше во рацете некакви ливчиња.

Според досега објавените извори, нема информации дека Северна Македонија имала свои претставници на воената парада во Кина, но земјата, која е членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ, ја нема ниту меѓу  26 земји кои е обврзаа да обезбедат повоена безбедност во Украина , ниту е наведена како дел од оваа иницијатива.

Додека Северна Македонија јасно ја поддржува Украина на политичко поле, нема индикации дека земјата е вклучена во оваа конкретна рамка на повоена поддршка, иако во август 2023 година земјата се приклучи на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина и стана 15-та земја што го направи тоа. Овој период, освен декларативна поддршка, нека направено конкретни чекори за директна помош на Украина во борбата со руската агресија.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бугаријавоена парада во Кинакоалиција на волниповоена безбедносна поддршка за УкраинаСверна МакедонијаСловачкаУнгарија
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ