ВЕСТ НА ДЕНОТ
(ЕКСКЛУЗИВНО) Осуетен обидот на рускиот амбасадор да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава
ЦИВИЛ ексклузивно дознава дека рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обиде да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава. Но неговиот обиде беше осуетен. Што се случи?
Баздникин, според извори на ЦИВИЛ, неодамна упати нота со која го информира македонското МНР и дипломатскиот кор во земјава дека – по завршувањето на мисијата на словачкиот амбасадор Хенрик Маркус на 31 јули 2025 година – функцијата Декан на Дипломатскиот кор во Северна Македонија ја презема тој „согласно редот на приоритет“, како што наведува во нотата.
Во истражувањето на овој дипломатски скандал, ЦИВИЛ ексклузивно дојде до информации дека во одговорот на македонското МНР се вели дека министерството ги признава одредбите од долгогодишната традиција според која деканот на Дипломатскиот кор се назначува врз основа на редоследот на претходници меѓу шефовите на мисии, во духот на колегијалноста, меѓусебното почитување и конструктивната соработка меѓу сите дипломатски мисии.
Но, додаваат од македонското МНР, ефективното функционирање на улогата на деканот критично зависи од способноста за поттикнување на инклузивен дијалог, транспарентност и координација меѓу сите шефови на мисии, и следствено на тоа, сметаат дека, во сегашните околности, овие услови не се доволно исполнети за да се обезбеди исполнување на одговорностите поврзани со функцијата декан на начин што го одразува единството и колегијалниот дух на Дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и што обезбедува непристрасно и објективно артикулирање на ставовите на сите членови на Дипломатскиот кор.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
– Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба обвинетите предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски, изјави Гоговска Јакимовска.
РЕГИОН
На санкции со санкции – Додик бара поддршка од Москва
Владата на Република Српска, чија уставност моментално ја разгледува Уставниот суд на Босна и Херцеговина, ја одржа првата седница на која се дискутираше за економската и политичката стабилност на ентитетот, но и за силна реакција доколку продолжи притисокот од меѓународните претставници, пишува Дојче веле на српски јазик.
СВЕТ
Еоган Мекејб, извршен директор и основач на Интерком, и Илон Маск ветија зедно 1.5 милиони долари за финансирање на мурали на Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во воз во Шарлот, Северна Каролина.
*
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк.
– Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз.
АЛ-ПРЕС
Албанија ја доби првата дигитална министерка, Диела, со посебен мандат и структура прилагодена на предизвиците на дигиталното доба. Таа ќе го предводи министерството за јавни набавки, пишуваат албанските медиуми.
Секаков вид шпионажа против Косово е опасен и директно ја нарушува националната безбедност. оценуваат безбедносните експерти во Косово. Според нив, дури и комуникацијата со луѓе блиски до луѓе кои се прогласени за терористи од страна на Косово претставува ризик за земјата, пишуаат косовските медиуми.
СЛОБОДНА ЗОНА
Од Скопје до Москва – „независниот“ кандидат Јовановски со кремљовска агенда
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Зоран Јовановски, на овие локални избори ќе настапи како независен кандидат, односно како член на ВМРО-ДПМНЕ, кој е само формално правно поддржан од политичката партија Единствена Македонија.
Тој е познат по своите залагања за поблиски односи со Русија и Кина. Неговата визија предвидува збратимување на Скопје и Москва, доведување најмалку 15 инвеститори од Русија и тројца од Белорусија, како и иницијатива за економска соработка со овде земји.
Д. Муратов