• Latest

24 ЧАСА: ЕУ го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија; Нема веќе партиски вработувања, најави Минчев; САД по шести пат ја блокираат резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Газа

September 19, 2025

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: ЕУ го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија; Нема веќе партиски вработувања, најави Минчев; САД по шести пат ја блокираат резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Газа

September 19, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија

На денешниот редовен прес брифинг главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо, соопшти дека Европската комисијата денеска го усвои новиот, 19-ти пакет санкции кон Русија.

Пињо нагласи дека повеќе детали за пакетот санкции ќе соопшти претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во изјава што ќе биде објавена попладнево.

Според претходните најави, мерките во 19-от пакет санкции кон Русија, како реакција на руската агресија врз Украина, ќе бидат насочени кон тргувањето со крипто валути, банките и енергетскиот сектор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Минчев: Крај на партиските и роднинските вработувања – администрацијата ќе се рационализира

„Донесовме пакет од четири закони кои ги сметаме за чекор напред кон реформите на администрацијата. Еден од нив, за академијата, се однесува на едукација на администрацијата и тоа ќе биде клучен приоритет во наредниот период.

Почнуваме не само со едукација на новите вработени во јавниот сектор, туку и со одржување континуитет на знаењето на останатите кои треба да ги следат модерните трендови и европскиот процес. Крајната цел е да им дадат подобри услуги на граѓаните. Значи, освен департизација, во следниот период почнуваме и нов процес со пакет три нови закони, за висока раководна служба, за плати и за организација и работа на органите на државната управа“, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

РЕГИОН

Редакциски избор од албански медиуми во регионот

На вчерашната парламентарна седница, пратеници од опозицијата го фрлија деловникот врз албанскиот премиер Рама, во моментот кога тој се обидуваше да ја поврза дигиталната министерка Диела со собранискиот систем. По нередите, претседателот на парламентот ги прекина дискусиите и прејде кон гласање на владината програма.

Од делегацијата на ЕУ во Албанија, излегоа со реакција дека е жално што албанската јавност беше лишена од можноста правилно и целосно да биде информирана за програмата на Владата и да ги слушне нејзините избрани претставници како дискутираат за нејзината содржина, во согласност со одредбите од законот, објавија албанските медиуми.

Косово презеде нови  казнени мерки против Русија поради војната во Украина, одобрувајќи четири пакети од најновите санкции на Европската Унија против Москва, објавија косовските медиуми.

СВЕТ

САД по шести пат ја блокираат резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Газа

САД по шести пат ставија вето на нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации со која ќе се бараше итно и трајно прекинување на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Заменик-претставникот на САД за Блискиот Исток, Морган Ортагус, рече дека текстот не оди доволно далеку во осудата на Хамас или во признавањето на правото на Израел да се брани.

Сите 14 други членови на Советот за безбедност гласаа за нацрт-резолуцијата – која ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „катастрофална“ и го повика Израел да ги укине сите ограничувања за помош.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

(Помогнете му на Стојанче) Што треба да направи за да се справи со пожарите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во земји со развиена медиумска писменост и силни регулаторни рамки, гледачите можеби ќе слегнат со раменици и ќе продолжат понатаму. Но во региони каде што медиумските екосистеми се кревки – како на Балканот – импликациите се поинакви.

Она што ваквите операции на влијание го постигнуваат е пополнување на празнините на довербата. Како? Па, традиционалните медиуми често имаат ниски рејтинзи на доверба. Кога гледачите ќе налетаат на странски канали брендирани како „вести“, тие може да ги консумираат некритички.

Понатаму, станува збор за натпревар меѓу спротивставени наративи. Во земји како Северна Македонија и Србија, со растечки авторитарни трендови и антизападни чувства, овие „неутрални“ извори на вести се топло добредојдени. CGTN нуди полирано известување за светските настани, но низ леќата на Пекинг — минимизирајќи ги грижите за човековите права, прикажувајќи ја Кина како стабилизирачка сила и често суптилно усогласувајќи се со руските наративи. Таквите наративи му „помагаат“ на балканскиот медиумски консумент да ги потврди своите предубедувања (bias) и да ја прифати „вистината“ што е креирана во пропагандните одделенија на тоталитарните режими, а не произлегува од реалноста на теренот.“, пишува Џабир Дерала, во колумната „Непоканет гостин: Медиумите на авторитарните режими во нашата дневна соба“.

„Дали спортот е војна ? Ако е војна тогаш според логичниот след и војната е спорт. Состојби кои можат да се подведат под ваквите дефиниции можат да се најдат и во светскиот и во нашиот спорт. Но за вистинска дефиниција за местото на спортот во заедницата денес е тешко да се зборува.

Спортот е дел од состојбите во општеството, неговата ментална состојба и вредностите кои се преовладувачки. На успесите на спортистите сме горди кога си ги присвојуваме како дополнување на некаква колективна терапија против општата депресија која владее. Интересно е кога треба да се прифати неуспехот па дури и поразот.“, пишува Војо Маневски, во колумната „Борењето не е борба со системот туку спортска дисциплина“.

Подготви: Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ