Претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека е на работни средби во ОН во САД, на својот Фејсбук профил го „честиташе“ Меѓународниот ден на знаковниот јазик со старо видео од минатата година. Наместо нова порака, повторно беше објавена рециклирана честитка.
Иако има цел ПР тим во својот кабинет, очигледно никој не се потруди да подготви ново кратко и автентично обраќање за лицата со оштетен слух и говор. Резултатот – честитка со рециклажа.
ЦМТ