По затворањето на американската влада предизвикано од пробивањето на рокот за постигнување договор за финансирање пред почетокот на новата фискална година, на 1 октомври, кој помина без договор, амбасадата на САД во Северна Македонија, на Фејсбук објави дека поради новонастанатата ситуација, профилот на амбасадата на социјалната мрежа нема да се ажурира редовно.
Поради пропуштањето на средствата, оваа сметка нема да се ажурира редовно сè додека не се продолжи со целосно работење.
Ажурирањата ќе бидат ограничени на итни информации за безбедност и сигурност, стои во последната објава на Амбсадата.
Д. Мишев