• Latest

Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

October 3, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

Жртвата Умут Скопко е во кома, додека полицијата со автомати упадна во ромското маало - власта молчи и си тера митинзи, а ромската заедницата најавува бојкот на локалните избори.

October 3, 2025 13:12
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Виница се случи најцрниот предизборен инцидент досега – претепан е кандидатот за советник на партијата на Шабан Салиу, Демократски сили на Ромите (ДСР), Умут Скопко, кој е на 4 место на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот се случи сред бел ден, пред ресторан, пред сведоци. Осуммина од обезбедувањето на владејачката партија, како што тврдат роднините, го тепале Умут и неговиот брат со цел да се откаже од кандидатура за советник. Умут од вчера лежи во кома во болница во Скопје, лекарите се борат за неговиот живот.

Ова не е прв напад врз него, само две недели претходно бил нападнат од истите луѓе, но тогаш случајот завршил само со пријава во партијата, во очекување дека ќе биде заштитен. Но, наместо заштита, следуваше крвопролевање.

Министерството за внатрешни работи излезе со стерилно соопштение – според нив, станувало збор за „физичка пресметка по претходна расправија“ меѓу двајца лица. Од МВР за ЦИВИЛ соопштија дека на 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница.

„Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница. Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Истовремено, додека жртвата се бори за живот, полицијата навлезе во ромското маало со долги цевки и автоматско оружје, како во окупација, со што, според братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, јасно се испраќа порака: институциите не штитат, тие заплашуваат.

„Наместо полицијата да ги фати насилниците, тие со автомати дојдоа кај нас, мислејќи дека ќе нè заплашат“, вели братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, за ЦИВИЛ.

Ромската заедница е огорчена и најавува бојкот на локалните избори. „Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ. Доста е! Досега нашите 800–900 гласачи одлучуваа градоначалник во Виница. Овојпат, нема да има ромски глас за оние кои нè носат во болница“, категоричен е Јусеинов.

Шокантно е молчењето на врвот на власта. На синоќешниот митинг во Виница, на кој присуствуваше и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, немаше ниту збор, ниту најмала осуда за бруталниот напад на нивниот кандидат за советник. Молчеше и Мицкоски, молчеше и партијата.

Денеска ромската заедница, ромските политички партиите и граѓаните бараат одговорност и расчистување на случајот.

Дехран Муратов

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ