• Latest
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

Во објавата што ја сподели по нападите од 7 октомври, Али порача дека „домородните луѓе имаат право да возвратат“ и повика на крај на „белиот супремацистички европски колонијализам на доселениците“. Али и претходно „предизвика вознемирување“, кога по неговиот избор за советник во мај 2024 година, во својот победнички говор, својот избор го нарече „победа за народот на Газа“ пред да извика „Алаху Акбар“.

October 7, 2025 18:10
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-лидерот на Зелената партија, Мотин Али, ги бранеше своите критики кон рабинот и резервист на Израелските одбранбени сили (ИДФ) од Лидс, кого го нарече „животно“, откако рабинот Захарија Дојч го обвини Али дека играл клучна улога во бранот закани што го избркале од сопствениот дом.

Како што пренесува Би-би-си, рабинот Дојч го напуштил својот дом во Лидс по совет на полицијата во Западен Јоркшир по поплавата од закани поврзани со неговата работа со ИДФ.

Во разговор за „Тајмс“, рабинот Дојч го обвини Али, кој е член на Градскиот совет на Лидс, дека играл клучна улога во засилувањето на нападите преку неговите објави на социјалните медиуми.

„Тајмс“ објави дека рабинот Дојч работел како студентски капелан на Универзитетот во Лидс во времето на нападите од 7 октомври 2023 година. Како израелски државјанин, тој бил повикан како резервист на должност во Израелските одбранбени сили. Рабинот наводно служел како чувар на конвои со храна и муниција што влегувале во Газа за време на неговата служба.

Во едно видео на сега приватен профил на социјалните мрежи, Али рекол: „Универзитетот во Лидс треба да ги штити своите студенти од ваков вид животни.

„Треба да ги заштитувате луѓето. Треба да ги заштитувате студентите од ваков вид животни, бидејќи ако тој е спремен да убива луѓе таму, како знаете дека нема да ги убие вашите студенти тука?“

Али не ја оспорил содржината на видеото кога бил прашан од Би-Би-Си.

Тој рекол: „Мислам дека секој што учествува во геноцид е опасност и треба да биде испитан од полицијата.

„Не верувам дека Британците, луѓето што ги уживаат слободите на оваа земја, треба да можат да одат во странска држава и да учествуваат во геноцид.“

Али ја опиша смртта на двајца Евреи во нападот во синагога во Манчестер во четврток како „апсолутна трагедија“ и изрази солидарност со еврејската заедница.

Но, во објавата што ја сподели денот по нападите од 7 октомври, Али порача дека „домородните луѓе имаат право да возвратат“ и повика на крај на „белиот супремацистички европски колонијализам на доселениците“. Подоцна се извини за „кратковидоста“ на објавата.

„Политичарите имаат одговорност за тоа како комуницираат, но исто така и медиумите имаат одговорност за тоа како комуницираат“, додаде тој. „Не треба да го поврзуваме она што се случува во Израел со британските Евреи – мислам дека тоа е неодговорно.

„Треба да ја изразиме нашата солидарност со британските Евреи во оваа земја, треба да ја изразиме нашата солидарност со сите маргинализирани заедници во оваа земја,“ рече Али

Али и претходно се извинуваше за „секое предизвикано вознемирување“., откако по неговиот избор за советник за округот Гиптон и Херхилс во мај 2024 година, веднаш се појави во насловите за својот победнички говор, нарекувајќи го својот избор „победа за народот на Газа“ пред да извика „Алаху Акбар“.

Лидерот на Зелените, Зак Полански, е под притисок да преземе акција, но тој застана зад својот заменик. Тој претходно го осуди напад врз синагогата во Манчестер, и ја обвини министерката за внатрешни работи, Шабана Махмуд дека е „длабоко неодговорна“ поради нејзините коментари за пропалестинските протести, кои ги нарече „фундаментално небритански“.

Д. Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ