• Latest
Јане Ѓорѓиоски

Кој се плаши од метафорите на Тричко?

October 10, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Кој се плаши од метафорите на Тричко?

October 10, 2025 13:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Тричковски или го разбираш во сиот негов богат колорит од метафори и други преносни литературни украси, спакувани маестрално, или го разбираш.

Трето нема.

Односно, третото може да биде дека се правиш наивен дека не знаеш што Тричко сака да каже со метафорите, ама бидејќи си адвокат на Ѓаволот а сега и пендрек министер па ќе правиш притисоци врз новинари и колумнисти што нели се дрзнуваат да искажат јавно мислење, а сега си препознал инцидент и трк пред врата.

Или пак дека си еден инфериорен потпросечен новинарчич што со сите сили се обидува да ја елиминира колумнистичката и пред се литературна величина на Тричкоски, а никако да му успее.

Или трето може да биде… туку ајде сега да не завршам и јас во полициска станица.

Еве за што ми е муабетот:

Авторот и колумнист на Фронтлајн, Бранко Тричковски вчера бил повикан на информативен разговор во полициската станица во Лисиче откако негов ироничен коментар на Фејсбук предизвикал „бурни реакции“ во јавноста и притисок од провладини кругови.

Тричковски, коментирајќи за случајот со „куферот“ оставен на плоштадот ВМРО, напишал:
„Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“

Поканата за информативен разговор му била доставена на врата од неговиот дом од полицајци, а Тричковски во објавата опишува дека отишол во полициската станица доброволно.

„Навлеков панталони, ги обув ‘хоганките’ и трк до ‘Ланчата’. Правец: Лисиче!“, пишува тој, додавајќи дека бил сослушан од инспекторска двојка – „убава и убаво дотерана жена и млад сталожен човек“ кои го третирала коректно.

Според Тричковски, полицијата го прашувала дали со „Христијан“ мислел на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека јасно објаснил: „Не, им реков, Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на страв и несигурност. Жал ми е ако некој името Христијан го разбрал поинаку.“

Тричковски пренесува дека пред неговото сослушување: инспекторката му рекла дека во полициските служби пристигнале реакции од провладини медиуми и од вмро-дпмне – „Веќе има реакции од ‘Република’, од ВМРО-ДПМНЕ, дека се бара оградување од СДСМ бидејќи мене ме сметале за идеолог или нешто слично,“ наведува тој.

Тричковски како што пишува во објавата им објаснил дека целта на коментарот била критика на „неподносливото ниво на манипулација со јавноста“ во предизборната кампања – практики кои се користат за мобилизација на гласачкото тело преку исфабрикувани информации. „Тоа се дејствија преку кои се произведува мобилизација на гласачкото тело со лажни, исфабрикувани информации,“ пишува тој.

…

И сега, кои се јавните прашање што произлегуваат од овој случај?

Дали државните институции под влијание на партиски притисоци вршат диспропорционален надзор над јавното мислење и – кога сатиричен или провокативен јазик богат со метафори преминува во причинител за правно-полициска интервенција?

Или, Тричковки е државен непријател нумеро уно, капо ди тути капи и треба да се сосече во корен?

Ма да се делка со сатор и да се спакува во куфер и да се фрли куферот во… еве нека биде на Бихачка!

Тоа да служи за ум на сите што го следат и што му се воодушевуваат на умешноста, анализата, аналогијата и проникливоста да ги држи со дух и ентузијазам во овие најскапани времиња кастрирани од литература, сатира и метафори.

Следно, (може да биде) нека се запалат сите на клада што ставиле лајк кај Тричко, а на оние што скришум го читаат и не оставаат импресии, да им се одреди затворски притвор.

А? Кое е главното јавно прашање драги мои?

И „Христијан на Тричковски и „другарите“ што се плашат од неговите метафори“, е исто добар наслов.

Ајт!


Текстот е личен став на Авторот. Извор: Фронтлајн
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ