• Latest

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025 16:45
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ромите во Виница денеска излегоа на протест барајќи правда за нивниот сограѓанин Умут Скопко, кандидат за советник од Демократски сили на Ромите (ДСР) на листата на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред десет дена беше брутално претепан затоа што одбил да се повлече од изборната листа.

Скопко сè уште се наоѓа во тешка здравствена состојба на скопските клиники.

Протестот се одржа пред полициската станица во Виница, каде што се обратија неговите ќерки Хавин и Фатма Скопко, барајќи правда и најстрога казна за напаѓачот.

„Тука сме за правда, не за одмазда. Бараме најстрога затворска казна за лицето кое се обиде да го убие нашиот татко“, порачаа тие.

Шенај Османов објави на својот Фејсбук профил од протест за правда во Виница!

„Денес во Виница се одржа првиот протест на Ромската заедница поради насилството врз Умит Скопко. Со извикување на паролите „Правда за Умит“, „Бараме закон, а не пристрасност“, граѓаните јасно порачаа дека местото на насилникот е во притвор, а не дома.

Овој протест е глас на револт, но и повик за правичност. Нема да има вистинска правда сè додека сторителите на насилства се третираат со поблаги мерки и додека жртвите и нивните семејства чувствуваат неправда.

Очекуваме судската власт повторно да ја преиспита изречената мерка куќен притвор и да донесе правична одлука – ефективен притвор, во интерес на правдата и безбедноста на сите граѓани.

Правдата не смее да зависи од тоа кој е жртвата, а кој сторителот. Правда за Умит!“, истакна Османов.

Од Основното јавно обвинителство Кочани пред неколку дена соопштија дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело тешка телесна повреда, според член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел животот во опасност. Откако започнал вербална расправија со оштетениот, пред ресторанот го фатил за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и удираат со камења. Во еден момент, осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата, по што тој паднал во бесознание“, наведуваат од обвинителството.

Како резултат на ударот, Скопко добил тешка повреда – скршеница на черепот, поради која е во кома и животно загрозен.

Јавниот обвинител веднаш по настанот предложил мерка притвор за осомничениот, која Судот ја прифатил. По отворањето на истрагата, предложен е редовен притвор во траење од 30 дена.

Лидерот на ДСР, Шабан Салиу, чиј член и кандидат за советник е во кома, не се појави на протестот.

Дехран Муратов

Видео и фото: Фејсбук на Пусат Јусеинов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ