• Latest
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025 16:13
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5, ФОРУМ
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

На 9 октомври 2025 година, во Скопје се одржа панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамките на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“.

На панелот се зборуваше за што подразбира и како се штити интегритетот на изборните процеси, кои се најголемите предизвици, а кои се можните решенија, колкава е довербата на граѓаните во изборите, демократската отпорност наспроти дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Панелисти беа Александар Спасов – редовен професор по правна теорија и филозофија на правото, Бесим Небиу – политички аналитичар и Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Панел дискусијата ја модерираше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите. Има две прашања кога политичарите секогаш се согласуваат, кога се работи за нивниот статус и кога се работи за изборната легислатива.

Препорака: Треба да дојдеме во ситуација каде општеството ја произведува политиката, затоа што сега имаме ситуација каде политичките партии му прават инжинеринг на општеството. Идејата е тие да го преставуваат општеството, а не да го произведуваат.

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

Кампањата за локални избори на сè личи освен на кампања за локални теми. Сега кампањата се сведе кој е патриот, кој е предавник. Во албанските партии кампањата се сведе на тоа кој ќе победи политички ќе преживее, а кој ќе изгуби ќе замине во историја. Таквата реторика е играње со оган и може да донесе сериозни инциденти.

Препорака: Ако сакаме да го задржиме интегритетот на изборниот процес, време е барем малку да се надминат тесно партиските интереси и да создадат една законодавна рамка која формално – правно ќе гарантира фер, демократски и слободни избори.

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

Најевтино се инвестира во национализмот, а се добива голем профит. Имаме политичка култура оној што ја добива власта добива сè, а оној што губи ќе изгуби сè. Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ. На авторитарните режими не им е битно да убедат некој дали е факт или вистина, ним им е битно да предизвикаат недоверба, страв и несигурност. Водат хибридна војна за придобивање на срцата и умовите на луѓето за остварување на нивните цели. Исто така водат кампања да ги одвратат граѓаните од гласање со тоа дека „сите се исти“.

Препорака: Треба постојано да се бара транспарентност од институциите. Треба да се направи дигитална и медиумска писменост на граѓаните. Донаторите треба да му помогнат на истражувачкото новинарство, не на рекетарското новинарство.

За конференцијата

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ се одржа од 8 до 10 октомври 2025 година во Скопје, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во партнерство со Новиот европски граѓански форум, Медија дијалог (Германија) и Вестминстерската алијанса за Украина.

Настанот беше реализиран во рамките на проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ