• Latest

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025 18:12
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот совет ја потврди својата решеност да ја оствари целта за зголемување на одбранбената подготвеност на Европа до 2030 година, со што Европа ќе биде подобро опремена за да може автономно да дејствува и да се справува со непосредните и идните предизвици и закани, се наведува во заклучоците за одбраната и безбедноста од денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

Лидерите на ЕУ повикуваат на изградба на целиот спектар на потребни модерни одбранбени капацитети на Европа, во целосна кохерентност со НАТО и за остварување напредок во конкретни проекти, со цел Унијата да ја намали својата стратешка зависност, да ги надополни празнини во своите капацитети и да ја зајакне европската одбранбена технолошка и индустриска база.

– Европскиот совет го осудува нарушувањето на воздушниот простор на неколку земји членки и ја нагласува важноста од обезбедување одбрана на сите копнени, воздушни и морски граници на ЕУ. Непосредните закани по источниот дел од ЕУ и обезбедувањето конкретна поддршка на земјите членки треба да се решат како приоритетни прашања. Дополнително, имајќи ги предвид заканите и на останатите граници на ЕУ, Европскиот совет ја нагласува важноста од нивна одбрана, се додава во заклучоците.

Во документот се нагласува дека во услови на засилените хибридни напади од страна на Русија и Белорусија и неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на ЕУ, Европскиот совет ја нагласува важноста на тесната соработка меѓу земјите членки за сеопфатно зајакнување на нивните одбранбени и безбедносни капацитети.

– Во овој контекст, од суштинско значење е подобрување на отпорноста, безбедноста и заштитата на критичната инфраструктура, вклучувајќи ја енергетската, дигиталната и подводната инфраструктура, се наведува во заклучоците, при што се нагласува дека од тој аспект потребно е подобрување на капацитети за борба против дронови и противвоздушна одбрана.

Лидерите повикуваат и на зајакнување на европската одбранбена индустрија, со зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната, за чија апелираат на целосно мобилизирање на инструментите Безбедносна акција за Европа (САФЕ) и Програма за европска одбранбена индустрија (ЕДИП).

– Европскиот совет ја нагласува важноста на блиската соработка со Украина и нејзината интеграција и придонес кон европската одбранбена индустрија, особено во однос на иновациите во одбраната и најсовремената одбранбена технологија, се наведува до документот.

Во заклучоците се повикува и на обезбедување ефикасен политички надзор и координација на напредокот во зголемувањето на одбранбената подготвеност од страна на министрите за одбрана на земјите членки, на зајакнување на Европската агенција за одбрана и на значителен раст на трошоците за одбраната и безбедноста на Европа.

– Европскиот совет ја нагласува важноста на иновативните технологии и револуционерните решенија и ја повикува Комисијата да презентира план за трансформација на одбранбената индустрија. Европскиот совет ја повторува својата покана до Комисијата и високиот претставник да презентираат дополнителни предлози за зајакнување на воената мобилност низ целата Унија, порачуваат лидерите.

Тие потсетуваат и на важноста од соработка со партнерите, кои ги делат целите на надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

– Европскиот совет потсетува дека посилна и поспособна Европска Унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе кон глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна на НАТО, кој, за оние држави кои се негови членки, останува основа на нивната колективна одбрана, се додава во заклучоците, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ