• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025 20:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори, а се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.

– Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно најдоцна до 24:00 часот на 27 октомври 2025 година, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од АВМУ посочуваат дека резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на денот на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.

Мицкоски: Во вториот круг од локалните избори очекуваме победата да биде заокружена со шеесетина градоначалници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска не кажа кога би можеле да се очекуваат смени во Владата, како што беше најавено пред изборите, потенцирајќи дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сега се фокусирани на вториот круг на локалните избори, кога се очекува победата да биде заокружена со шеесетина градоначалници и Градот Скопје. Мицкоски кажа и дека во декември е партискиот конгрес.

ВЛЕН: Левица  „сламката за спас“ на НАИ

По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби, се наведува во соопштението на коалицијата ВЛЕН.

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар, ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство

Еднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар кои спаѓаат во првата категорија како и 12 илјади денари за сите нови корисници на пензија во општината. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја претстави една од мерките во својата програма – финансиска и социјална поддршка за пензионерите.

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Во програмата за вториот мандат предвидуваме изградба на модерен дом за стари лица, нова градинка, два покриени базени, катни гаражи, зголемени субвенции за учениците, бесплатни екскурзии и оброци. Продолжуваме да работиме во интерес на сите центарци, без поделби“, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски на средбите со граѓани.

Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистено

Треба само добра организација. Немало до сега ваква лоша состојба како што имаме денес, тоа треба да го признаеме, и тоа е фактичка состојба. Но, кога велам за добра организација, јас сметам дека добро знам да ги организирам состојбите и да ги решам проблемите. Во првите 72 часа, како што најавив одговорно тврдам дека градот ќе биде исчистен ќе се направи една голема генералка, во која што нема тоа да го направи само градот туку тука ќе помогнат сите општини, тоа е организација, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Димитриевски: Ќе воведеме втора целосно бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за сите резиденти на овие месни заедници

Бесплатен паркинг за локалното население од месната заедница „Панче Пешев“ и дел од „БС.Гојчо“, вети кандидатот за градоначалник, од Движењето ЗНАМ, За наша Македонија за Куманово, Максим Димитриевски на вчерашниот мини- митинг кај „Октомвриска Револуција“.

Независниот кандидат за градоначалник Менди Ќира се запознал со условите во здравствените установи во Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, ги посетиле Специјалнизираната болница за нефрологија, Здравствениот дом и Општата болница, соопшти денеска прес-службата на Ќира.

ДИК утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини, разрешени избирачките одбори во две избирачки места во Шуто Оризари

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата.

-ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати  во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до Управниот суд. Меѓутоа, со оглед на тоа што дека се уште  во текот на денешниот ден трае постапката пред Управниот суд со закажани рочишта по конкретни тужби со точно определена саатница која ќе трае до доцна вечерва, предлагам оваа точка да ја одложиме за утре кога ќе одржиме продолжение на оваа седница. Заклучно со денов, ќе ги имаме сумирано сите конечни резултати согласно завршувањето на постапката по правните лекови по тужбите пред Управниот суд. Во текот на утрешниот ден ДИК ќе излезе со целосен преглед на конечни резултати каде не се поднесени тужби, односно каде гласањето е завршено и каде ќе има втор круг на гласање. Но, мора да почекаме Управниот суд да одлучи во текот на денешниот ден за да објавиме целосни конечни резултати за сите општини поединечно, рече Кондарко.

Членовите на ДИК донесоа одлука за разрешување на членовите на избирачките одбори во две избирачки места во Општина Шуто Оризари.

-Согласно одлуката на Управниот суд за поништување на гласањето на овие избирачки места, сметаме како Државна изборна комисија дека треба да преземеме мерки за соодветна организација за гласањето во вториот круг во Општина Шуто Оризари. Во согласност со закон, грижејќи се за законитоста на процесот, сметаме дека се направени пропусти во спроведувањето на изборната постапка во овие две избирачки места каде што Управниот суд го поништил гласањето, соопштија од ДИК.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ