• Latest
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025 11:43
in КОНТЕКСТ, ПРАВДА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Knesset, Death penalty bill Israel Source- screenshot ILTV Israel News

Share on FacebookShare on Twitter

Во сенка на војната и политичките тензии, израелскиот парламент усвои два контроверзни закони што го менуваат односот на државата кон правдата и медиумите. Едниот ја отвора вратата за враќање на смртната казна, другиот ѝ дава на владата право да замолчи странски медиуми без судска одлука. Одлуките на Кнесетот ја отвораат дебатата: дали Израел ја зајакнува својата безбедност — или ја губи својата демократија?

Во еден од најконтроверзните потези во поновата израелска историја, парламентот на државата, Кнесетот, го одобри во прво читање предлог-законот за воведување на смртна казна за осудените за терористички напади. Иницијативата ја предводи министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, лидер на екстремно десничарската партија Оцма Јехудит. Предлогот помина со 39 гласа „за“ и 16 „против“, а сега се префрла во парламентарна комисија за понатамошна расправа пред второто и третото гласање, се наведува во статија на Си-Ен-Ен. 

Бен-Гвир го бранеше законот како неопходен чекор што ќе создаде „значителен одвраќачки ефект против тероризмот“, дури и се закани дека ќе ја повлече својата партија од владејачката коалиција ако не биде ставен на гласање. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој претходно имаше резерви — стравувајќи дека законот може да доведе до одмазда врз израелските заложници во Газа — на крајот го смени својот став откако беше постигнато кревко примирје.

Историски преседан

Израел, иако формално ја дозволува смртната казна, ја применува само во исклучителни случаи како предавство или воени злосторства од времето на нацистичкиот режим. Всушност, единствениот човек егзекутиран во Израел бил Адолф Ајхман, еден од главните архитекти на Холокаустот, кој беше обесен во 1962 година по неговото апсење во Аргентина и судењето што го означи симболичниот триумф на правдата над злосторството.

Во пресрет на новото гласање, Бен-Гвир изјави на платформата X (поранешен Твитер) дека „историјата ќе им суди на сите кои ќе се осмелат да гласаат против законот за смртна казна за терористите“, зацврстувајќи го имиџот на политичар што не познава компромис.

Предлог-законот предвидува и измени во военото судство на окупираниот Западен Брег, со кои судовите ќе можат да изрекуваат смртна казна со обично мнозинство, без потреба од едногласна одлука. Дополнително, законот исклучува можност за олеснителни околности — што практично значи задолжителна смртна пресуда во одредени случаи. Палестинците таму се судат според воено право, а еврејските доселеници според граѓанско, што уште повеќе го нагласува правниот јаз меѓу двете заедници.

Критики од Обединетите нации

Обединетите нации со години ја критикуваат израелската воена правда на Западниот Брег, посочувајќи дека „палестинското право на правична постапка е прекршувано со децении“. Според експертите на ОН, „функциите на полиција, истражител, обвинител и судија се концентрирани во иста институција – израелската војска“, што го нарушува секој принцип на независност и правична постапка.

Закон против странски медиуми

Во истата седница, Кнесетот го одобри и првото читање на уште еден спорен предлог-закон — овојпат насочен против странските медиуми. Новата мерка ѝ овозможува на израелската влада да затвора медиумски куќи без судска наредба, а во јавноста е позната како „Законот Ал Џезира“.

Името го доби по случајот од 2024 година, кога Министерството за комуникации ја забрани работата на катарската телевизија , обвинувајќи ја за анти-израелска пристрасност и поддршка на Хамас преку нејзиното известување за војната во Газа.

Уништување на медиумската независност

Al Jazeera ги негираше обвинувањата и остро ја осуди забраната, истакнувајќи дека нејзините новинари биле мета на израелски сили во Газа, при што неколкумина беа убиени во изминатите две години.

Новата верзија на законот, предложена од пратеникот Ариел Калнер од партијата Ликуд и поддржана од коалицијата на Нетанјаху, има за цел овие овластувања да станат трајни – дури и во време на мир, без потреба од судска контрола.

Организацијата „Репортери без граници“ (RSF) го осуди овој предлог како „првиот клинец во ковчегот на уредничката независност на израелските медиуми“.

Според Ана Боканде, уредничка директорка на RSF, владата на Нетанјаху се обидува да ги замолчи критичките гласови во контекст на воените тензии и претстојните избори, предупредувајќи дека ваквите закони ќе имаат долготрајни и длабоки последици по слободата на медиумите во земјата.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ