На Избирачкото место 2972, во ОУ „26 јули“, Шуто Оризари, Избирачкиот одбор не му дозволил да гласа на граѓанин кој го има при порверка со фингрпринт, но го нема во Избирачкиот список. Истото му се случило и во првиот круг, но тогаш му дозволиле да гласа и го завеле случајот во дневникот за евиденција. Рекол дека не сака да прави проблем да не заврши во затвор.
Во Шуто Оризари, избирачки одбор не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список
Имено, на ИМ 2972, во ОУ „26 јули“, Шуто Оризари – лице кое било пуштено на викенд од затворот во Шуто Оризари, го имало при проверка со фингерпринт, но го немало во Избирачкиот список. Избирачкиот одбор не му дозволил да гласа. Истото му се случило и во првиот круг, но тогаш му дозволиле да гласа и го завеле случајот во дневникот за евиденција. Откако овој пат не му било дозволено да гласа, тој, според набљудувачот на ЦИВИЛ, изјавил дека не сака да прави проблем да не заврши повторно во затвор. Истото се случило со неколку лица што биле пуштени на викенд, избирачкиот одбор не им дозволил да гласаат.
Споменатиот случај беше дел од онлајн прес конференцијата на денот на изборите во вториот круг емитувана во 18 часот.
Ова се дел од извештаите што ЦИВИЛ ги нотираше како случаи на попречување на работата на набљудувачите, но и на новинарите, за време на локланите избори што претставува сериозен удар врз транспарентноста на изборниот процес.
Попречувањето на набљудувачите и медиумите не е изолиран пропуст, туку дел од пошироката култура на нетранспарентност, политизација и страв од надзор. Кога институциите не реагираат на овие прекршувања, испраќаат порака дека контролата и отчетноста се закана, а не обврска.
ЦИВИЛ остро реагираше и на случаите на вознемирување и попречување на медиумските екипи кои известуваа од терен, вклучително и на новинари кои беа вербално нападнати од партиски активисти. Таквите инциденти создаваат ефект на страв и самоцензура, и се спротивни на уставно загарантираната слобода на медиумите и јавниот интерес за информираност.
Овој текст е дел од серијалот со заеднички наслов „Од бележникот на набљудувачот на ЦИВИЛ“ со што на јавноста ѝ се откриваат детали за текот на изборниот процес низ илустративни примери за случувањата и состојбите.
ЦИВИЛ излезе на терен со 60 акредитирани мобилни изборни набљудувачи, додека состојбите во изборен контекст се следеа подолго време, односно интензивното долгорочно набљудување на изборниот процес започна на почетокот на август. На овие избори, организацијата бележи и зголемен број пријави и од граѓанките и граѓаните кои пријавуваа изборни нерегуларности или се јавуваа со прашања поврзани со нивното право на глас.
Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е дел од проектот „Демократски навигатор“ кој претставува одговор на дезинформациите и хибридните закани, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. ЦИВИЛ го спроведува проектот во соработка со партнерските организации и коосновачи на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI). Една од компонентите на проектот е токму изборниот мониторинг по чие завршување организацијата ќе објави детален извештај, анализа и стратешки препораки до институциите, јавноста, и меѓународната заедница.
Драган Мишев












