ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР е јавен настан на ЦИВИЛ што ќе се одржи денеска во Куманово, со почеток во 13 часот, во Општинска сала -Комитет.
Локалните лидери во заедниците, граѓанските организации, претставниците на политичките партии и независните кандидати, институциите, медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да проследат неколку јавни пораки и презентација на проектот ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани во земјата, Западен Балкан и Европа.
Организацијата најави дека средбата ќе трае еден час.
Настанот е дел од проектот Демократски навигатор што го спроведува ЦИВИЛ и е посветен на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, вклучително и во изборен контекст. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ЦИВИЛ Тим за комуникации












