Додека разговараше со новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на 14 ноември, претседателот Доналд Трамп беше прашан за неодамна објавените е-пораки од Џефри Епштајн во кои се споменува тој.
Во видеото што го пренесува Би-би-си, Трамп вели дека не знае ништо за тоа и рече дека фокусот треба да биде на други луѓе именувани во тие е-пораки, вклучувајќи го и поранешниот претседател Бил Клинтон.
Откако новинарка од „Блумберг њуз“ се обиде да постави дополнително прашање за Епштајн, претседателот се сврте кон неа и рече:
„Тивко. Тивко, прасенце“.
Размената се случи додека растеа повиците Министерството за правда на САД да објави досиеја поврзани со истрагата за Епштајн, покојниот финансиер и осуден сексуален престапник кој почина во затвор во 2019 година.
Во неделата, претседателот Трамп го смени својот став и ги повика републиканците да гласаат за закон со кој Министерството за правда ќе го принуди да ги објави сите свои досиеја поврзани со случајот Епштајн.
М. Д.











































