• Latest
Креирано со помош на ВИ

Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

November 26, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

November 26, 2025 19:59
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во еден дел од македонските медиуми, кои досега се покажаа како ревносни дистрибутери на руските пропагандни наративи, претежно преземени од сродни српски портали или од владините режимски новински агенции кака РИА Новости или ТАСС, како да се крена нивото за едно скалило повисоко.

При последното пренесување на пропагандата на Кремљ, како веќе да не се потребни посредници. Во оваа проруска групација сега се пренесуваат наводите директно од, ни помалку, ни повеќе, руската Надворешна разузнавачка служба (СВР).

Без линк до изворот, по принципот доверба на „жими мајка“, во овие медиуми се пренесуваат „наодите“ на оваа шпионска служба од земјата агресор за наводни обиди на британските власти да го поткопаат миротворниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кои се побудите земја членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, да пренесе непроверени и недокажани тврдења на руската разузнавачка служба издадени со намера да внесат раздор помеѓу западните сојузници, во случајов САд и Велика Британија?

Ова е уште по алармантно ако се има предвид дека земјава, како членка на Алијансата, има преземено обврска да се бори токму против вакви руски малициозни активности и штетни влијанија. Од друга страна, Владата на Северна Македонија токму со владата на Велика Британија договара исплата на 6 милијарди заем за капитални инфраструктурни проекти.

А да не заборавиме и дека, земјата од каде што потекнува разузнавачката служба што ја цитираат овие медиуми, ја рангираше Северна Македонија во групата непријателски земји, врз кои сметаат дека имаат право да делуваат и со воени средства, од кои токму НАТО, чија земја членка е Велика Британија, има преземено обрврска да го одбрани територијалниот интегритет и суверенитет на земјава.

Овие медиуми синхронизирано, во време од неколку часа некритички ги пренесоа тврдењата на руските разузнавачи дека Лондон, загрижен дека иницијативите на Вашингтон насочени кон мирно решение би можеле да ги загрозат британските интереси за продолжување на украинскиот конфликт.  Бидејќи, според информацијата кои ја пренесоа овие медиуми од „доверливи“ извори,  „приходите кои доаѓаат преку воената и политичката поддршка за Украина ја спасуваат британската економија од банкрот“.

Вакви и слични „небулози“, со речиси идентични текстови, осамнаа вчера на овие медиуми спакувани со наслови како: Москва: Велика Британија подготвува напад врз Трамп поради Украина, само што не се наведува за каков напад се работи, можеби целта е нивната публика да помисли дека се работи за терористички напад;

Лондон го кочи мировниот план на Трамп за Украина поради економски интереси, тврди руската разузнавачка служба и Руската СВР тврди: Лондон го кочи мировниот план на Трамп за Украина поради економски интереси, дури и поткрепено со амблемот на цитираната руска служба како фичр фото.

 

Ако досега институциите во земјава не реагираа на споделувањето на забранетите руски владини медиуми пред домашната интернет публика, дали сега директното споделување на соопштенија од странска разузнавачка служба ќе биде доволна причина за реакција на разузнавачко безбедносните структури во Северна Македонија? Се поставува и прашањето, дали каналот за комуникација помеѓу македонските медиуми и руската рзаузнавачка служба бил дводтран, односно, дали имало размена на информации во двете насоки?

Користејќи го моменталниот „вакуум“ создаден од застојот во преговорите за членство во ЕУ, оваа проруска медиумска групација, со постојаното, репетитивно пласирање на руските пропагандни наративи, овој пат засилено и со информации од руска разѕзнавачка служба, има за цел да внесе сомнеж и да ги одврати граѓаните од поддршката за НАТО и ЕУ, како и од други ападни стратешки партнерии да ги насочи кон наративите на одредени политички опции и нивните надворешни нарачатели, дека за иднината на Северна Македонија не е круцијално ниту членството во евроатлантските сојузи, ниту билатералните договори со западни стратешки партнери, туку има и други, „подобри“ алтернативи, кои доаѓаат од истокот.

За потсетување, извештајот на ЕУ се нотира дека „Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително и напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик, кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание“, од каде недвосмислено произлегува оската Скопје-Белград-Будимпешта-Москва.

Впрочем, Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ, низ серијата извештаи за рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“, веќе предупреди на стратешката ранливост на Северна Македонија од  руските хибридни операции и даде препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност на ваквите закани.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

 

Tags: Велика Британијапроруски македонски медиумиРуска пропагадна и дезинформациируска разузнавачка служба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ