Денешната конференција во Скопје посветена на хибридните и информациските закани, на која ќе говори и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со британскиот амбасадор Метју Лосон, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и професори и експерти во областа од државата и од Европа.
Настанот, организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и поддржан од Британската амбасада, има за цел да понуди системски одговор на странското влијание и манипулацијата со информации. Но, токму присуството на Мицкоски, како воведен говорник, отвора прашања што тешко може да се игнорираат и го прави целиот концепт проблематичен и контрадикторен.


Во тој контекст, појавувањето на Мицкоски како централна фигура на конференција посветена токму на борбата против ваквите појави, делува како парадокс што не може да се премолчи. Наместо да испрати порака за системска посветеност, овој избор повеќе наликува на обид за политичко прочистување на темните петна од биографиите и пренасочување на вниманието.
Ако зборуваме за сериозен пристап кон хибридните закани и дезинформациите, тогаш најмалку што очекува јавноста е конзистентност меѓу говорниците и проблемите што се адресираат. Во спротивно, конференциите остануваат само салонски формалности – а дезинформациите продолжуваат да се шират токму таму каде што треба да се спречуваат.
М. Д,












