• Latest

24 ЧАСА: Антикорупциска конечно доби претседател; Косово без сертификација за Српска листа; ЕУ ја става Русија на црната листа

December 3, 2025

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Антикорупциска конечно доби претседател; Косово без сертификација за Српска листа; ЕУ ја става Русија на црната листа

December 3, 2025 16:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Адем Чучуљ едногласно избран за шеф на Антикорупциска

Собранието денес едногласно го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од 82 пратеници кои гласаа, сите 82 му дадоа поддршка, со што Чучуљ на чело на Антикорупциска стапува со редок политички консензус околу неговото име.

Мандатот на Чучуљ започнува во момент кога Антикорупциска излегува од турбулентен период. Неговата претходничка Татјана Димитровска поднесе оставка откако против неа беше покренато обвинение во случајот „Адитив“ – за наводно оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Тој факт дел од јавноста го чита како доказ дека и Антикорупциска не е имуна на притисоци и грешки, а други потсетуваат дека Чучуљ како генерален секретар беше дел од раководниот тим во истиот период, па новата функција ќе значи и своеобразен тест за неговата лична дистанца од старите практики.

РЕГИОН

Централната изборна комисија на Косово не ја сертифицира Српска листа за парламентарните избори, реакции од меѓународната заедница

Централната изборна комисија на Косово не ја сертифицираше Српска листа – најголемата партија на косовските Срби – за предвремените парламентарни избори на 28 декември. Препораката за сертифицирање на Српската листа, која ја ужива поддршката на Белград, доби само 2 гласа „за“, 2 „против“ и 7 „воздржани“ за време на состанокот на ЦИК во вторник попладне.

СВЕТ

ЕУ ја става Русија на црната листа за перење пари

Европската комисија одлучи да ја додаде Русија на својата црна листа на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам. Црната листа се става во време кога извршната власт на ЕУ се обидува да го прекине отпорот на Белгија кон користењето на приходите од замрзнатите средства на Москва за финансирање на Украина.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за проектот „Безбеден град“?

ИНТЕРВЈУ

Пендаровски за ЦИВИЛ (2): Србија не нè турка во „српскиот свет“, нашите политички гарнитури го прават тоа

Во вториот дел од големото ексклузивно интервју за ЦИВИЛ, проф. д-р Стево Пендаровски отворено и прецизно одговара на прашањето за влијанието на Србија и концептот на „српскиот свет“ врз стабилноста на Северна Македонија и регионот.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Во реакцијата на интервјуто на поранешниот претседател проф. д-р Стево Пендаровски за ЦИВИЛ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ не полемизира со фактите и аргументите, туку со сопствена конструкција – извадена од контекстот и спротивна на суштината на интервјуто. Се работи за класичен политички спин со кој јавноста се манипулира. Ова соопштение, исто така, претставува учебнички пример за тоа како се креираат дезинформации и лажни наративи.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ако тргнеме од технолошките сличности, мора да се признае дека системите Безбеден град и Паметен град навистина се совпаѓаат во повеќе точки. И двата концепти се потпираат на големи бази на податоци, камери, сензори, алгоритми и вештачка интелигенција, како и на интегрирана градска инфраструктура. Од технички аспект, овие системи можат да придонесат за подобрување на безбедноста и одредени јавни услуги. Но тука завршуваат сличностите: нивната намера, употреба и последици за демократијата се суштински различни. Системот Паметен град е насочен кон подобрување на животот на граѓаните, додека Безбеден град во пракса најчесто се претвора во алатка на државата за засилен надзор и контрола“, пишвуа Џабир Дерала во „Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!“.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ