• Latest
Фото: Руската амбасада во Северна Македонија/Фејсбук

Руска православна пропаганда се шири преку црковните медиуми во Северна Македонија

December 23, 2025
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Руска православна пропаганда се шири преку црковните медиуми во Северна Македонија

December 23, 2025 12:25
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СТАВОВИ
Фото: Руската амбасада во Северна Македонија/Фејсбук

Фото: Руската амбасада во Северна Македонија/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Руската православна пропаганда сè почесто наоѓа простор во јавниот дискурс во Северна Македонија преку медиуми поврзани со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), покажува анализата објавена на платформата Antidisinfo.net. Според истражувањето, одредени црковни портали, пред сè Liturgija.mk, редовно пренесуваат содржини што ја прикажуваат Руската православна црква (РПЦ) и руската држава во позитивно светло, без критички осврт.

Во текстовите се застапени наративи кои се совпаѓаат со официјалната линија на Москва, особено во однос на војната во Украина, при што Русија се прикажува како „заштитник на Православието“, а Западот како закана за традиционалните и духовните вредности. Аналитичарите предупредуваат дека ваквиот пристап има потенцијал да влијае врз јавното мислење и да придонесе кон релативизирање на руската агресија врз Украина.

Во анализата се посочува дека ваквите тенденции станале поизразени по признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, кога комуникацијата со Руската православна црква се интензивирала. Токму овој момент, според авторите, создал „влезна точка“ за ширење пропагандни пораки преку црковни канали, кои традиционално уживаат високо ниво на доверба кај верниците.

„Многу од актуелните про-руски коментари на хиерархијата на МПЦ-ОА не беа забележливи пред две или три години. Црквата се користи за ширење пропаганда што позитивно ја афирмира Руската православна црква и руската држава во Македонија“, се наведува во анализата.

Истражувањето предупредува дека ваквото медиумско дејствување не е изолиран феномен, туку дел од поширока стратегија на руско влијание на Балканот, каде религијата се користи како инструмент за политички и геополитички цели. „Целта е да се убеди јавноста дека Русија ќе го спаси Православието од ‘злиот’ Запад и да се промовираат руски вредности“, се вели во текстот.

„Целта е да се убеди јавноста дека Русија ‘ќе го спаси Православието од ‘злиот’ Запад’ и да се промовираат руски вредности,“ се вели во анализата.

Заклучокот е дека е неопходна поголема медиумска писменост, како и критички однос кон содржините што доаѓаат од извори со силна идеолошка и политичка агенда, без оглед на нивниот религиозен контекст.

М. Д.


Целата статија првично е објавена од Truthmeter.mk (Северна Македонија), во рамките на проектот за борба против дезинформациите во Западен Балкан.

Tags: МПЦ-ОАРуската православна пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ