• Latest
Војо Маневски

Не славам нови години во кои нема избори

December 29, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не славам нови години во кои нема избори

December 29, 2025 13:05
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Штом се потроши декември секогаш се наоѓам пред дилемата. Што всушност им посакувам на тие на кои им честитам Нова година? Да им биде среќна? Ако треба да им е среќна мојата честитка сигурно нема да придонесе многу. Решив да си честитам среќна Нова година себеси. Е, овде настапува вистинската дилема. Што тоа јас сакам да ми донесе новата година. Во среќа веќе не верувам ама во нешто мора да се верува. Ако јас не знам да си ја проектирам иднината има кој знае. Затоа се крстам во изборите за било кое ниво во државата. Ако сака нека е избор за урбана заедница ама нека има некакви избори. И тогаш сум некако повеќе мирен. Не само мирен туку и во природна средина на сопствените надежи. Што има јас да мислам за иднината кога тоа така убаво го прикажува било кој кандидат за било која државна функција.

Како ќе се развива економијата? Јас да размислувам уплав ме фаќа од споредување на бројки и процеси за економската основа на иднината. Вака си седнуваш пред телевизоирот и некој „визионер“ ти објаснува како ќе има раст скоро највисок во Европа. Реформите само што не започнале, а кога ќе почнат и ќе се „визионираат“ еее кај ќе ни биде крајот.

Ке се реформира ли државната администрација? Не само што ќе се реформира туку и на секој шалтер со насмевка ќе нѐ пречекуваат службениците кои јадат четвртина од буџетот за плати. Не само што ќе се насмеваат туку и ќе ни сѐ смеат ако споменеме дека пред само една година ни ги затворале со тресок вратите на шалтрите. Сите документи се подготвени, предлог законите се веќе во процедура и кај и да е ќе се донесат. И што има јас да посакувам во новата година да почне срамежливо да функционира иселената правна држава.

Ќе се отвори патот кон Европа? Па сигурно ќе се отвори кога нашето превасходство со длабоко осмислена надворешна политика ќе ги надмине сите препреки. Достоинствено и гордо на бел коњ ќе влеземе во Европа. Додуше сега не смееме да прашуваме кога тоа ќе се случи ама во надежта во нашето раководство е иднината. А во иднината мора да се верува.

Цените и инфлацијата ќе се стават под конрола? Па разбира се дека така ќе биде. Ако не биде има начин да ни се смири вознемиреното граѓанство. Малку интервјуа, па прес конференции, статистички операции и математички гимнастики е оп, ем намалување на инфлацијата ем раст на БДП. Цените со инспекции ќе се смират, а за илјадарка ќе се качат пензиите. Најавено е покачување на плати на наставници и другите административци и ете ти мирна Бачка.

Тоа обвинителите и судиите се намериле да ни ја затемнат перспективата со некакви барања за самостојност и независност па и посебен буџет. Во оваа држабва сите права му припагаат на победникот на изборите и готово. Ај господа од паравосудството и вие излезете јавно на избори покажете ни ги вашите визии за иднината и сите ќе бидеме задоволни. Ем ќе ни додатете уште едни избори, ем ќе ни ја разубавите следната Нова година со ваши ветувања.

Доста беше со елаборација за причини зошто не ги сакам годините во кои нема избори барем за нешто.  Се плашам дека цела идна година нема да има кампања или барем најава за некакви избори. Долга е годината и навистина се поставува дилемата како ќе ја поминеме. Без избори и убави ветувања ќе се изгубиме во реалноста. Ќе не удри по глава таа и уште повеќе ќе се депримираме. А кој сака депримирано грѓанство и подаништво. Нема корист од таквите состојби. Затоа се мислам дали да ви честитам Нова година. Ако нема избори сами честитајте си ја ама сè се надевам дека ќе се смилуваат нашите политичари и нема да нè остават на суво. Ако ништо друго да имаме што сега да си посакаме, а дали ќе се реализира ветувањето не е важно. УУУ толку ветувања слушнавме. А штета е што пропаднаа, беа тоа добри ветувања. Значи и срамежливо морам да ви честитам Нова година мои сограѓани.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ