• Latest

Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

January 14, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

January 14, 2026 17:29
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на обидот на премиерот Христијан Мицкоски, преку лидерска средба во која СДСМ одби да учествува, Џабир Дерала остро го критикува потегот на власта да укине демократски заштитен механизам за време на изборите воведен токму поради заштита од изборните кражби на партијата што сега е на власт.

Во меѓувреме, шефот на владејачката партија, по тричасовната лидерска средба, соопшти дека на средбата со политичките лидери е постигната согласност техничката влада да се укине. Мицкоски, во обид да покаже демократска широкоградост, изјави дека, иако одлуката може да се донесе со 61 глас, не сака решенија „на сила“ и понуди компромис – укинувањето да не важи за следните избори, туку за тие потоа.

Но токму во тоа се состои и критиката на овој потег. Дерала за тоа пишува пред лидерската средба и да заврши, дека „техничката влада се роди од длабока политичка криза. Нејзиното укинување е водено од желба за понатамошна концентрација на моќта“.

Еве извадок од колумната во тој контекст:

Ова не е расправа за партии. Ова е расправа за правилата на играта. Прашањето не е дали техничката влада е совршена. Прашањето е дали исчезнале причините поради кои беше воведена. Дали институциите се неутрални? Дали злоупотребата на ресурси е спречена? Дали администрацијата е деполитизирана?

Ако не — тогаш укинувањето не е реформа, туку чекор наназад.

Демократијата не го вади појасот затоа што возачот вели дека е внимателен. Тврдењата за одговорност не се замена за структурни заштитни механизми.

Патот во Северна Македонија не се променил. Само се вративме на истите возачи поради кои појасот беше воведен.

Кога оние на власт ги укинуваат заштитните механизми, тие ретко се враќаат. А последиците ги носат сите граѓани.

Техничката влада се роди од длабока политичка криза. Нејзиното укинување е водено од желба за понатамошна концентрација на моќта.

Тоа не е напредок. Тоа е амнезија.

Целата колумна под наслов „Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена“ објавена на ЦИВИЛ МЕДИА.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ