• Latest

РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

January 30, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

January 30, 2026 07:00
in ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Во насловот се поместени само три од околу 70 коментари што ги напишаа граѓанките и граѓаните во одговор на прашањето на денот: Што мислите за реакцијата на власта на работничките протести?

Буквално ниту еден коментар за власта не беше позитивен, што се однесува до реакцијата на работничките протести од 28 јануари.

„Мислам дека власта не е нормална и антиграѓанска“, гласи коментарот еден од бројните коментирачи на ова прашање.

Дека власта е ненормална може да се прочита и во неколку други коментари, па така и во овој:

„Каква власт таква реакција. Прашањето треба да биде: Дали оваа држава има воопшто нормална власт?“

За реакцијата на власта беше напишано и дека е – идиотска.

„Власта ги третира работниците како стока“, гласи еден коментар, а со таа квалификација се послужија уште неколку други коментирачи на прашањето на денот.

Во коментарите се изразува и директна поддршка за работиниците, а во дел од нив се посочува дека власта е заинтересирана само за пари.

„Власта не ја интересира ништо друго, освен да се нафатира со пари“, се вели во еден коментар, додека веднаш по него следи коментарот дека „власта си игра со трпението на луѓето“.

Се разви и кратка дискусија по коментарот кој гласи:

„Власта е на страна на олигархијата. Одработува за нивните интереси. Работниците и сите останати кои им дадоа доверба на сегашните властодршци, да размислат добро. Секогаш има поправен.“

Во изборен контекст е и коментарот во кој иронично се споредуваат работниците со гласачко ливче, односно дека работниците се само гласачки ливчиња.

„По употреба, да се фрли“, заклучува коментирачот.

Во сличен контекст се и неколку коментари во кои за власта се вели дека ги штити интересите на крупниот капитал и олигарсите.

„Нашата власт го штити крупнот капитал, а работниците за нив се маргинална група која треба да им го овозможи удобниот живот и богатство со експлоатација до живуркање, без достоинсвен живот за нив и нивните фамилии“, се вели во еден таков коментар.

Таков е и коментарот во кој се вели дека работниците се маргинална група за власта.

„Нашата власт го штити крупнот капитал а работниците за нив се маргинална група која треба да им го овозможи удобниот живот и богатство со експлоатација до живуркање,без достоинсвен живот за нив и нивните фамилии“, се вели во еден од коментарите во овој контекст.

Еден коментар беше и графички:

„Лажлива група со неограничена неодговорност“, се вели понатаму во еден од бројните коментари.

Беа споменати и скапите часовници. 

„Што да мислиме, нека носат часовници од 60 илјади евра, а ние рајата можеме да врвиме со 30 илјадарки денари во месецот… И кошничката на тројца ќе ја пресметувал ПАТРИОТОТ. Срамота, брука…“, пишува во еден коментар.

Еден дел од коментарите беа критички во поглед и на синдикатите, односно дека „начинот и местото од каде што се бара покачување на платите не е в ред“.

„Проблемот е повеќеслоен, има грешка кај власта, од причина што не ја дели сиромаштија та со народот, дрско и безобразно ги качуваат нивните лични доходи од народните пари и создаваат револт, наместо да се зафати со суштински реформи и решенија“, се вели во една подолга реакција.

Според него, владата треба „да се ангажира да ја намали црната работа и пари, плата на рака“, но и дека „со законот за линеарно покачување на пензиите го фаворизира неплаќањето данок“. Тој посочува дека овде, всушност, се работи за покачување на платите на јавната администрација и дека решението е во намалувањето на администрацијата.

„Овде станува збор за покачување на платите на јавната администрација, учители, наставници, и други кои се на товар од персонален данок, а газдите и работниците од материјално производство тоа си го решаваат со земање плата на рака“, се вели во опширниот коментар.

Тој понатаму вели дека и синдикатот греши, но не само тоа, туку и дека манипулира и ги извртува тезите, повторувајќи дека суштината е во намалување на администрацијата и реформи.

„Синдикатот греши, манипулира со граѓаните и работниците, ги извртува тезите. Суштината е во намалување на таа администрација, исплаќање ЛД со платени придонеси., ако се следат законите на економијата. Протестите на синдикатот им одговараат и на власта, повеќе пари во бунарот – буџетот. Владата е крива што не се зафаќа со суштината, РЕФОРМИ“, се заклучува во коментарот.

На ова се надоврзува коментар во кој се вели дека функционерските плати треба да се пресметуваат врз основа на минималната, а не на просечната како досега.

„Прво, ако власта мисли и сака да му помогне на народот, треба пресметка на платите на функционерите да се пресметува на основа на МИНИМАЛНА ПЛАТА, наместо на просечна како досега, а откако тоа ќе се направи, зголемување на плата поради инфлацијата да се прави ЛИНЕАРНО ЕДНАКВО на сите вработени како што е на пензионерите“, се вели во реакцијата.

Забележливо е дека коментарите, иако се остри и сведочат за длабока разочараност, па и гнев, сепак, се задржуваат во рамките на пристојноста. Понатаму, голем дел од луѓето што коментираат можат да се пофалат и со извонредна смисла на хумор.

Останатите коментари може да се прочитаат на следниот ЛИНК на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ им благодари на сите што коментираат на редовното прашање на денот, но повикува и на вклучување со предлози за теми, прашања и активности. Организацијата и редакцијата на медиумската платформа, како и секогаш, ќе вложи напори да им излезе во пресрет на сите предлози.

Подготви: Џ. Дерала


Прочитајте и:

Власта нема монопол врз животот на работниците


Останете во контакт. Лајкнете ја Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Ви благодариме.

Tags: властПрашање на денотработнички правареакции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ