• Latest

УТРИНСКА ПОШТА: Пораки од Минхен, корупциски скандали, загадување, антиваксери, судство и новинари

February 14, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

УТРИНСКА ПОШТА: Пораки од Минхен, корупциски скандали, загадување, антиваксери, судство и новинари

Преглед на најважните настани, изјави и теми од Северна Македонија и регионот што го одбележаа 13 февруари 2026

February 14, 2026 09:47
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупциска во криза: Ристовска поднесе оставка под притисок од јавноста

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието, по отворање на два предмети против неа – за можен судир на интереси и непријавување на имот. Таа изјави дека одлуката ја донела поради јавните сомнежи околу нејзината работа, нагласувајќи дека постапувала согласно законот, барала изземање во случаи на потенцијален конфликт на интереси и немала намера да прикрие информации.

Во однос на обвинувањата, Ристовска посочи дека во еден случај се иззела поради можен судир на интереси поврзан со изборна кампања, а за вториот предмет тврди дека законот не ја обврзува да пријави имот на членови на семејството кои не живеат со неа. Случајот дополнително ја засилува перцепцијата за криза во Антикорупциската комисија, која и претходно беше под лупа по оставката на поранешната претседателка Татјана Димитровска, против која беше отворен предмет за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Мицкоски од Минхен: Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа; без „билатерални условувања“

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски се сретна со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во момент кога евроинтеграциите се под силен знак прашалник.

Мицкоски и Кошта, Минхен, 13 февруари 2026 (фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски)

Во, како што го опиша, „отворен и искрен разговор“, станало збор за „реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија“.

Во истата објава на социјалните мрежи, премиерот вели дека „Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“ и ја заврши пораката на социјалните мрежи со зборовите:

„Продолжуваме да работиме. Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа!“

Оваа вест доаѓа во време кога власта упорно „се колне“ во европската перспектива на Северна Македонија, а истовремено процесот е заглавен како никогаш порано.

Јотова од Минхен: Бугарија нема да прифати заобиколување на клучниот преговарачки кластер за човекови права

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова од Минхен изјави дека нема напредок во евроинтеграциите на Северна Македонија без уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот. Таа нагласи дека ова не е билатерално барање, туку европски услов поддржан од земјите членки, и предупреди дека обиди за заобиколување на клучниот преговарачки кластер за човекови права се неприфатливи. Според неа, Бугарија нема да отстапи од оваа позиција, објави Таралеж.бг.

Илиана Јотова, претседателка на Бугарија (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на Илиана Јотова)

Јотова овие ставови ги пренела и на средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, истакнувајќи дека напредок е можен само со исполнување на преземените обврски. Таа посочи и дека токму Минхенската конференција ја нагласува потребата Европа да ја зајакне својата стратешка автономија.

Жедни покрај вода: Екстремно загадување на водата во Струга

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага за енормното загадување на водата од изворот Шум, додека градот е без вода за пиење веќе една недела. Во четвртокот, директорот на ЈП Водовод Меџијаит Јусуфоски поднесе оставка од морални причини. Градот останува со целосна забрана за користење на водата поради екстремна заматеност. Експертите и истражните органи ги проверуваат сомнежите дека активностите на блискиот каменолом предизвикале еколошка катастрофа.

Србија: ЕУ го „стега ременот“ – владеење на правото како услов

Во Белград пристигна порака од Брисел: ЕУ ја разгледува можноста да замрзне, односно да преиспита околу 1,6 милијарди евра за Србија, поради законите во доменот на правосудството за кои ЕУ оценува дека „ја еродираат довербата“ во владеењето на правото и ја комплицираат евроинтеграцијата, објави Ројтерс.

Босна и Херцеговина: Вашингтон ја потврдува линијата на Дејтон

По повторени сецесионистички пораки од Милорад Додик, САД, преку соопштение од амбасадата во Сараево, јавно ја реафирмираа поддршката за територијалниот интегритет на БиХ и Дејтонскиот мировен договор, со сигнал дека ќе се спротивстават на потези што водат кон дестабилизација.

Црна Гора: Антиваксери, збор!

Во Подгорица се одржа антиваксерски протест пред Собранието против законот што предвидува задолжителна вакцинација. „Децата се наши, не ваши експерименти“, гласи еден од слоганите на протестот што се гледа на снимката од РТЦГ.

Хрватска: Притисок врз новинарство

Новинарскиот синдикат предупреди дека постапките против истражувачката новинарка Наташа Шкаричиќ носат карактеристики на SLAPP-тужби, односно злоупотреба на судот со цел да се замолчат критичките гласови, објави хрватската новинска агенција ХИНА.

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ