• Latest

Тимчо остана во „периметарот“на САД за акцијата во Иран – до него не допираат реакциите од ЕУ

February 28, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тимчо остана во „периметарот“на САД за акцијата во Иран – до него не допираат реакциите од ЕУ

February 28, 2026 17:15
in КОНФЛИКТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека Европската унија и водечките европски држави по заедничките напади на САД и Израел врз Иран, изведени во рамки на операцијата Epic Fury, излегоa со осудата на ескалацијата, повикувајќи ги сите страни да покажат „максимална воздржаност“ и почитување на меѓународното право, а некои лидери од врвот на Европската унија употребија и по остри фомулации, како францускиот претседател Емануел Макрон, кој е меѓу најгласните критичари на воената ескалација, и ги оцени нападите како „избувнување на војна“ со „сериозни последици за меѓународниот мир и безбедност“ и веќе побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, а британскиот премиер Кир Стармер, јасно се дистанцираше од воените операции. соопштувајќи дека Лондон не учествувал во нападите и ги одбил американските барања за користење на британски воени бази, вклучително и базата RAF Akrotiri,

Истовремено, македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, остана во „периметарот“- игнорирајќи ги ставовите на европските сојузници – целосно застана зад САД и нивната акција за „справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток“.

Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици, напиша Муцунски на Х.

Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, продолжи Тимчо нагласувајќи дека, во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош.

🇲🇰🇺🇸 We stand with our American allies in confronting destabilizing threats in the Middle East.

The United States has made clear that diplomacy is always the first option – but deterrence remains essential when credible risks persist.

Security, stability, and accountability go…

— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) February 28, 2026

Од  Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку соопштение до медиумите во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот исток, упатија  апел до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на  Израел, Катар, ОАЕ, Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини. внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

Во соопштението, од Министерството информираат дека преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи ситуацијата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој на настаните, додека  македонската амбасада издаде предупредување до македонските граѓани кои се во Израел.

„Македонските граѓани кои моментално се наоѓаат во Израел строго да ги следат упатствата издадени од израелската Команда на домашниот фронт. На граѓаните им се препорачува: да останат во или во близина на заштитено подрачје (засолниште, безбедна соба или друга одобрена заштитена зона); да се осигурат дека ја познаваат најблиската заштитена зона; да ги чуваат основните залихи лесно достапни, вклучувајќи вода, храна, лекови, комплет за прва помош, фенерчиња, полнети мобилни телефони, да ги следат официјалните ажурирања и извештаите во реално време преку веб-страницата на Командата на домашниот фронт (https://www.oref.org.il/eng), мобилната апликација и локалните медиуми. Веднаш треба да влезете во заштитените зони по приемот на известувањето и да останете во темница сè додека официјалните упатства не покажат дека е безбедно да се напушти. За граѓаните кои планираат да патуваат до/напуштат Израел, нивните летови веднаш се откажуваат до понатамошно известување. Препорачуваме внимателно да ги следите ажурирањата од авиокомпанијата и надлежните органи“ се наведува во апелот од македонската амбасада во Тел Авив.

Но, линкот кој е посочен во објавите, не функционира, и ако пробате да го отворите, добивате забрана за влез.

Освен преку соопштенијата објавени на медиумите, на веб страната на МНР и НТ нема соопштенија за македонските граѓани кои се засегнати со ситуацијата на Блискиот Исток, таа, по имцидентното соопштение за состојбата во Мексико од 23 февруари,  останува резервирана за соопштенија и фотографии од средбите на министерот.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека, поради најновиот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, е формиран кризен штаб кој постојано ја следи ситуацијата и е достапен 24 часа дневно за помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Во случај на потреба од помош или дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Телефон: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Да се надеваме дека овие контакти, за разлика од споделениот линк и неажурираната веб страна на министерството, ќе бидат функционални и ќе им помогнат на оние македонски граѓани кои ќе имаат потреба од нив.


Текстот е личен став на Авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ