Маринецот Брајан Мекгинис беше извлечен од конгресното сослушување, затоа што проговори против војната во Иран. Тој рече дека „Израел е причината за оваа војна“, по што полицијата на Капитол Хил почна да го турка и влече со намера да го отстрани од просторијата.
„Никој не сака да се бори за Израел“, извика Мекгинис.
Додека полицајците го туркаа и влечеа маринецот-ветеран, му беше скршена и раката, а генералите во првите редови на салата не се ни свртеа кон местото на бруталниот инцидент.
Истиот ден, снимките го обиколија светот, а антивоените активисти веднаш го ставија Мекгинис на маици.
Според изборниот профил на поранешниот војник, кој се кандидира како кандидат на Зелената партија за место во Сенатот на Северна Каролина, Мекгинис служел во маринците од 2000 до 2004 година.
ЦМ Деск





















