• Latest

Словенија гласаше, но не одлучи: Фрагментиран парламент и неизвесна битка за влада

March 22, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Словенија гласаше, но не одлучи: Фрагментиран парламент и неизвесна битка за влада

Изборите во Словенија ја продлабочија политичката поделеност во земјата, со импликации за поширокиот европски контекст

March 22, 2026 21:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Словенија денеска ги одржа парламентарните избори за состав на Државниот збор, со 90 пратенички места и праг од 46 пратеници за парламентарно мнозинство. Според прелиминарните извештаи на Државната изборна комисија на Словенија, излезноста е 55,53% што претставува пад во однос на изборите во 2022 година кога излезноста беше 71%.

Според првичните изборни резултати (проекции), во водство е либералното движење „Слобода“ на премиерот Роберт Голоб, со 29,9% од гласовите и проектирани 30 пратенички места. Ова претставува значителен пад во однос на изборите во 2022 година, кога партијата на Голоб освои 41 мандат.

Веднаш зад нив е десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша со 27,5%, односно 27 пратеници, според сегашните проекции. Наспроти сиот напор што го вложи, со жестока кампања, дезинформации и манипулации во медиумите и на социјалните мрежи, со голема поддршка од авторитарни центри на моќта надвор од земјата, Јанша, сепак, не успеа да го подобри својот резултат од претходните избори.

Од друга страна, падот на бројките на „Слобода“, како и падот на излезноста, говорат доволно за ефектот што го имаа дезинформациските кампањи во предизборието.

На третото место се позиционира десничарската коалиција на Јернеј Вртовец (Нова Словенија – НСи), Тина Брегант (СЛС) и Марко Лотрич (Фокус) кои освоија 9,4% од гласовите, односно 9 пратеници, што претставува скок за едно место во споредба со претходните парламентарни избори.

Социјалдемократите (СД) на Матјаж Хан бележат пад од едно место и се очекува да освојат околу 6 мандати (6,74%), додека левичарската коалиција Левица–Весна освојува ист број пратеници (5) со 5,06% од гласовите.

Новиот политички субјект – Демократите на Анже Логар – влегуваат во парламентот со околу 6,63% од гласовите и 5 пратеници, што дополнително ја усложнува распределбата на силите.

Голем успех бележи движењето Ресни.ца, кои останаа запаметени по своето антиваксерско и проруско делување. На претходните избори во 2022 година не освоија ниту едно место во парламентот, додека сега освоија 5,58% од гласовите, односно 5 пратенички места.

Напоменуваме уште еднаш – ова се проекции, а не конечни резултати.

Првичните бројки укажуваат дека ниту една политичка опција нема да може самостојно да формира влада, што ја прави коалициската математика неизбежна и потенцијално долготрајна.

И покрај тоа што Движењето „Слобода“ останува најсилна партија, падот во мандати значително ја намалува неговата преговарачка позиција. Од друга страна, СДС останува силен конкурент, но исто така без доволно капацитет за самостојно формирање мнозинство.

Во моментот, официјалното пребројување на гласовите е во тек, а Државната изборна комисија (DVK) ќе продолжи да објавува делумни резултати во текот на ноќта.

Конечните резултати и распределбата на мандатите ќе бидат клучни за утврдување на можните коалиции и идната влада на Словенија, во период кога земјата се соочува со економски предизвици, политичка поларизација и пошироки европски турбуленции.

ЦХТМ

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ