• Latest
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026 15:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија се движи кон воведување забрана за влез за руски државјани кои учествувале во војната против Украина – чекор што Кијив го оценува како праведен, навремен и неопходен сигнал во услови на продолжена агресија.

Украинската амбасадорка Лариса Дир, во своја објава, ја истакна тежината на војната и одговорноста на сторителите:

„Ден 1518. Русите, кои секојдневно убиваат Украинци, треба да патуваат само до Специјалниот трибунал.“

Ден 1518. русите, кои секојдневно убиваат Украинци, треба да патуваат само до Специјалниот трибунал. pic.twitter.com/YV09N7NIkD

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 22, 2026

Оваа порака доаѓа во контекст на најавите од шефицата на европската дипломатија Каја Калас дека ЕУ разгледува конкретни мерки за ограничување на влезот на поранешни руски борци, како дел од поширокиот пакет санкции и безбедносни политики.

„Додека Русија бомбардира музеи, уништува цркви и се обидува да ја избрише украинската култура, не треба да ѝ биде дозволено да ја изложува сопствената. Враќањето на Русија на Биеналето во Венеција е морално погрешно, а ЕУ исто така има намера да го прекине неговото финансирање. Конечно, до јунскиот состанок на Европскиот совет ќе излеземе со предлози за ограничување на влезот на поранешни руски комбатанти во Европската Унија“, изјави Калас на вчерашната прес конференција.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, силно ја поддржа оваа иницијатива, нагласувајќи дека станува збор за порака со долгорочни последици:

„Го поздравувам јасниот сигнал на мојата колешка, шефицата на европската дипломатија Каја Калас, за подготвеноста на Европската Унија да воведе забрана за влез за руските комбатанти. Ова е навремен и важен чекор, кој ќе му покаже на секој русин: потпишувајќи договор за учество во злосторничката војна на агресија против Украина, тој исто така си потпишува забрана за влез во Европа. Ова е праведно. Ако водиш војна за да ѝ наштетиш на Европа и на европските држави – немаш право таму да патуваш. Ги повикувам сите држави-членки на ЕУ да го поддржат овој критично важен чекор.“

Слични ставови се појавуваат и во меѓународните извештаи, каде Сибига оценува дека ваквата мерка е „фер“, бидејќи оние што се борат против европските вредности не треба слободно да патуваат низ Европа.

Предлогот не е само политичка порака, туку и безбедносна мерка. Европските лидери предупредуваат дека поранешни борци би можеле да претставуваат ризик за безбедноста, со можни врски со криминал или екстремистички мрежи.

Во таа насока, идејата за забрана на влез се вклопува во поширокиот тренд на заострување на визниот режим за руски државјани, што ЕУ го применува од почетокот на руската агресија врз Украина.

Изјавите на украинските претставници и дипломатските сигнали од Брисел носат јасна порака: учеството во агресивна војна не е само воен чин – тоа има долгорочни политички, правни и лични последици.

Во контекст на иницијативите за формирање Специјален трибунал за руската агресија, ваквите мерки дополнително ја зајакнуваат идејата за одговорност – не само на државно, туку и на индивидуално ниво.

Џ. Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ