• Latest
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026 12:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за реформите во Изборниот законик е составена од претставници на парламентарните партии и независни пратеници. Невладините организации кои работат на следење на изборните процеси се изоставени од работната група со можност да им ги испратат и презентираат своите препораки. На еден од состаноците на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор, на барање на организациите, Советот подготви официјално барање упатено до Министерството за правда за „активно вклучување на граѓанските организации, бидејќи ова е потребно во измената на изборното законодавство“.

Претседателот на Центарот за слобода, ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за Порталб.мк, а пренесе Фронтлајн, изјави дека пред сè, зависи од тоа колку „работната група“ ќе го прочита сеопфатниот документ изработен од Работната група за измени на Изборниот законик, која беше формирана за време на мандатот на поранешниот министер за правда, Кренар Лога, а ја предводеше еден од најголемите авторитети во оваа област, Александар Новакоски.

„Невклучувањето на граѓанското општество не е само прескокнување на некоја формалност. Тоа во еден толку деликатен и важен процес значи отсуство на транспарентност и целосна затвореност на власта кон прашања од врвен јавен интерес. И дефинитивно сигнализира незаинтересираност за препораките на ОБСЕ/ОДИХР, бидејќи една од важните препораки токму на оваа меѓународна институција е вклучување на граѓанските организации. Најважните препораки што ЦИВИЛ ги даде во Работната група пред неполни три години, се однесуваат на политичкото финансирање. И тогаш и сега, ЦИВИЛ е на ставот дека сегашниот начин на уредување на оваа сфера, всушност, претставува само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе“, рече Дерала.

Според него, дел од нивните препораки како организација се однесуваат на професионализацијата и отчетноста на изборната администрација, заштитата и признавањето на граѓанското набљудување и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

„Ништо од тоа не очекувам дека ќе биде предмет на работата на блиндираната работна група на власта. Причините се длабоки и произлегуваат од начинот на практикување на власта – нетранспарентност, ароганција и незаинтересираност за вистински измени што ќе го подобрат квалитетот на спроведување на изборните процеси. Тоа, пак, води кон заклучокот дека власта не е заинтересирана за слободни, фер и демократски избори”, изјави Дерала.

Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ