• Latest

Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

May 4, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

На покана на ЦИВИЛ, интелектуалци и јавни личности пишуваат за слободата на медиумите – во време на молк, конформизам и ерозија на интегритетот

May 4, 2026 16:27
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Војо Маневски

Мислам дека нема почесто употребуван термин со кој се опишува еден нужен дел од човековото постоење од терминот кој треба да ја објасни слободата. Колку е употребуван толку е злоупотребуван. Слободата е лично чувство на поединецот кој го дефинира како активен дел на заедницата. Ако продолжам, најверојатно ќе се заплеткам во вечната дијалектичка борба помеѓу формата и содржината.

Колку е слободно нашето новинарство. Онолку колку може секој новинар да ја користи слободата. Не е популарно во денешното конфекциско општество да се цитира Маркс иако тој само пишувал анализи и според слободата на неговото време нудел одговори како заклучок на неговите анализи. Ете тој Маркс напишал дека на човекот му е прво својствено да ги задоволува своите основни потреби, а после да се занимава со општествени теми. Ете едно прашање!

Ако најголем дел од новинарите имаат плата помала од просечната како може да биде на високо место во нивниот живот слободата, општествената одговорност и слични високи вредности. Тешко, ќе се согласиме, ама од друга страна воопшто за да се нарекуваш новинар мора ваквите вредности да бидат дел од твојата новинарска работа. Како вртелешка звучи, ама според мене така е.

Еве една моја кратка сторија која на едноставен начин објаснува кој и на кое место се наоѓа на скалилата на општествената вредност.

Тој што немал работа со мајстори не знае како функционира заедницата е мој најсвеж заклучок. Чешмата дома нешто ми се налутила и постојано и упорно пушта капки вода. Методично како судбина тој звук ми се врежува во нервите. После танталови маки да дојдам до телефон на слободен мајстор некако успеав да исконтактирам со еден од нив. До министерот за добро владение во Владата на РСМ  ќе дојдев полесно отколку до чешмаџијата да ми ја среди чешмата.

– Каде живееш? – ми одговара со тон кој не признава никаква етикеција. „Ууу“, вели,„ малку е високо, ама ќе гледам до петок да дојдам. Само да си знаеш дека моето доаѓање чини 30 евра. Ако има поголема работа ќе си платиш повеќе“.

Е моја слободо за која пееле разните робови си мислам. Имам избор капките вода да ми ги довршат разлабавените нерви или да се согласам на неговата слобода да го бара она што мисли дека му чини.

Чекав до крајот на неделата и почнав да се јавувам. Некаде кај пладне ми одговори да го чекам на почетокот на улицата зошто во моите новоселски сокачиња не можел да се снајде. И тоа го надминавме и му ја покажав инкриминираната чешма кој, како за инает, тогаш скржаво пушташе вода.

– Еее, не е до гумичката, до внатрешната влошка е – ми вели – Не се секирај имам јас во колата  таква, ќе завршиме работа.

Се сѐ заврши за половина час и мајсторот ме викна во контрола на завршената операција.

– Ај сега пробај, бре новинарче, да видиш како сѐ ти е во ред.

Молчи чешмата како уредник пред сопственикот на медиум, ни капка не пушта.

– Браво бе, мајсторе – му велам – ај сега да се раздолжиме.

Чекам парче хартија и молив што мајсторите го носеа зад увото а тој на телефонот ми пресмета „електронски“ колку ме чини неговата операција.

– 30 плус 30 плус 30. Добро, ај за тебе, како новинар, ќе попуштиме и сѐ на сѐ, за тебе – 60 евра. Да знаеш немам време за кафе и за ракија и имам многу работа  ми вели. Да бидеме современи, на Вибер ќе ти ја пратам пресметката да ја имаш да не кажеш како ние мајсторите не сме во тек со времето.

– Мајсторе еве ти 3.700 денари ако може.

– Нема проблем – ми вели – ќе пресметаме лесно.

Нема кафе, нема ракија и го испраќам до крајот на уличката. Заминува тој, а јас си помислив. Е, мајсторот ни фискална ни потврда некоја не ми даде, а си ги зема парите. Ќе ми прател пресметка на Вибер, а што со таа порака јас можам да направам. Да ја закачам над чешмата и да ја молам да не се расипува, зашто слободата на мајсторот е поширока од мојата новинарска.

А почнав да пишувам за високи теми поврзани со очекувањето за инфлаторни токови и импликации врз нашата економија. Ај мачин сине, сега пишувај, кога мајсторот има трипати поголема дневница од тебе. И тоа само доколку ова му е единствена работа тој ден. Ако заврши уште три вакви операции?

Не ми останува ништо освен да читам што колегите пишуваат за слободата на новинарството. Белким ќе си ја проширам слободата.

 


Авторот е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ