ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведе анкета низ улиците на Кавадарци. Кавадарчанки и кавадарчани зборуваат за состојбите со социјалната правда и работничките права.
„Каква правда бараме, кога секој си ги гледа своите интереси?!“, прашува еден кавадарчанец кој 20 години е стечаец и инвалид, и нема никаква помош од државата.
„За ништо нема правда!“, „Умре работничката класа!“, „Нема никаква правда, кој што сака прави!“, „Сите живеат во лага, еден со друг се лажат!“, изјавуваа кавадарчан(к)и пред камерата на ЦИВИЛ Медиа.
Дел од нашите соговорници, сепак, изјавуваа и дека социјална правда има, но дека „почитувањето на работничките права зависи исклучиво од газдите“.
Новинар и монтажа: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска
Анкетата е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.