• Latest
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026 11:39
in ГОВОР НА ОМРАЗА, МУЛТИКУЛТУРА, СТАВОВИ, ТОП 5
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Зошто се навредувате кога ве викаат ‘шиптари’ кога самите меѓу себе се викате така?“

„Така ги викам отсекогаш и немам никаква намера да навредам“

„Имам другари Албанци… и тие не се навредуваат кога се спомнува зборот ‘Шиптари’ во друштво“

Ова се меѓу главните „оправдувања“ што ќе ги слушнете од луѓе кои, иако знааат дека Албанците го сметаат зборот „шиптар“ за навредлив, упорно го употребуваат.

Е па, ајде да повториме зошто се смета тој збор за навредлив и за говор на омраза.

Прво, дали е нешто навредливо, не определува навредувачот, туку навредениот. Како што за Македонците е навредливо (со право) кога ги нарекуваат „Славомакедонци“, „Северномакедонци“, „Јужносрбијанци“, „Бугари“, „шкије“, „каури“ итн. Какво било „оправдување“ за употреба на овие зборови за именување на Македонците, едноставно не држи. Како што не држат и „оправдувањата“ на оние што Албанците ги нарекуваат „шиптари“.

Второ – да споменам една многу важна причина, за која се зборува малку, што од незнаење, што од намера. Имено, до после НОБ и Втората светска војна, именувањето „Шиптари“ било нормално во бивша Југославија и не било навредливо. На пример, една од најпрочуените единици од Македонија во НОБ составена од Албанци се викала „Четврта македонска шиптарска бригада“.

Проблемот почнал по војната, особено по резолуцијата на Информбирото и засиленото непријателство на Титова Југославија со Албанија која го поддржала Сталин, кога политички, академски и медиумски кругови (главно во Белград, а по „инерција“ и во Македонија) почнаа да шират теза дека Албанците во Југославија се Шиптари, а тие во Албанија – се Албанци.

Нормално, тоа предизвикало силна одбранбена реакција кај Албанците во Југославија, кои го доживеале ова како напад врз нивниот идентитет и единството на албанскиот народ, кој е истиот, и има ист јазик – и во Албанија, и во екс-Ју просторите и секаде. Исто како што Македонците се лутат кога некој им чепка во идентитетот и сака да ги погрчи, побугарчи или поалбанчи нивните сонародници во соседните држави.

Да не должам понатаму, мислам дека ја сфативте поентата. Би било добро и овие меѓусебни навреди и „оправдувања“ за нив да се тргнат од агендите на дежурните сештолози во политиката, медиумите и на мрежите.

И, ако може, барем да покажеме елементарна почит меѓу себе и да се фокусираме на заедничките проблеми и оние кои нѝ ги создаваат, а се обидуваат да не дефокусираат со меѓусебна омраза и разни „оправдувања“ за неа.

Ако не, здравје…


Текстот е личен став на Авторот. | Преземено од Facebook


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ