• Latest

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026 12:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот пазар на труд се соочува со еден од најголемите структурни парадокси во економијата: илјадници граѓани активно бараат работа, додека компаниите истовремено не можат да најдат доволно работници. Последицата е сè поголемо потпирање на странска работна сила, особено од Турција, Бангладеш, Непал и Индија.

Во јуни годинава, во евиденцијата на Агенцијата за вработување имало 88.541 активен барател на работа, додека бројот на пасивни баратели изнесувал околу 41.281 лице.

Но, паралелно со оваа бројка, македонските компании се соочуваат со сериозен недостиг од кадар. Според податоците на Агенцијата за вработување, бројот на слободни работни места на национално ниво надминува 10.100. Најголема потреба има во преработувачката индустрија – над 1.670 работници, потоа во угостителството и хотелиерството со 1.644, трговијата со 1.483, административните и помошните дејности со 1.411, градежништвото со 910 и транспортот со 740 слободни позиции.

Невработени има, но не и профили што ги бара економијата

Еден од клучевите за разбирање на парадоксот е образовната структура на невработените.

Од 88.541 активен барател на работа, 51.390 лица, односно 58 отсто, се без образование или со основно образование. Дополнителни 22.195 лица, или 25 отсто, имаат средно образование. Тоа значи дека околу 83 отсто од активните баратели имаат најмногу средно образование.

Од друга страна, компаниите сè почесто бараат конкретни стручни знаења, работно искуство и квалификации, особено во производството, градежништвото, транспортот, угостителството и техничките професии.

Токму тука се создава јазот: бројот на невработени не значи автоматски дека постои и соодветна работна сила за слободните работни места.

Приватниот сектор планира речиси 14.500 нови вработувања

Проблемот не се однесува само на моментално слободните работни места.

Анкетата на Агенцијата за вработување покажува дека речиси 62 отсто од анкетираните работодавачи имаат потреба од нови вработувања. Во приватниот сектор за годинава се планирани 14.498 нови вработувања.

Најголемиот број – 5.328 нови работни места – се очекува да бидат отворени во преработувачката индустрија. Следуваат трговијата со 2.342, градежништвото со 1.437 и сместувањето и прехранбените услуги со 958 планирани вработувања.

Ова покажува дека проблемот со работната сила не е само сезонски. Тој станува структурен проблем на македонската економија.

Домашниот кадар заминува, странскиот доаѓа

Во исто време, македонските работници имаат сè поголеми можности да заминат на пазари каде платите и условите за работа се поповолни.

Хрватска, Словенија, Германија и други европски пазари привлекуваат работници од Македонија, особено во градежништвото, угостителството, транспортот и производството.

Последиците се особено видливи во сезонските дејности. Во летниот период дел од искусниот кадар од угостителството заминува на Јадранот, оставајќи ги домашните компании со дополнителен проблем – како да ги пополнат празните позиции.

Така се создава своевиден круг на миграција на работната сила: домашниот работник заминува таму каде што може да заработи повеќе, а македонскиот работодавач бара работник на друг пазар.

Бангладеш, Непал и Индија стануваат нов извор на работна сила

Овој тренд веќе се гледа и во официјалните бројки.

Во 2025 година Агенцијата за вработување издала 8.509 позитивни мислења за работни дозволи за странски државјани, додека 6.128 странци добиле дозвола за привремен престој поради вработување. Најмногу позитивни мислења имало за државјани на Бангладеш, Непал, Турција, Косово и Индија.

Но, 2026 година носи уште позабележлива промена. Само од 1 јануари до 19 август 2026 година, Агенцијата издала 1.837 мислења за работници од Бангладеш, 1.257 за Турција, 787 за Непал и 323 за Индија. Со тоа Бангладеш се искачува на првото место меѓу земјите од кои македонските работодавачи бараат работници.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ