• Latest
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

Ден пред посетата на Урсула фон дер Лајен, Агенцијата за национална безбедност јавно соопшти дека во земјата дејствува пропагандна мрежа „во функција на руските интереси“, со клонирани псевдо-портали и врски со регионални проруски политички структури. За ЦИВИЛ и неговиот Тим за мониторинг на хибридните закани, ова е силна институционална потврда на закана за која организацијата предупредува повеќе од една деценија.

October 1, 2026 11:12
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за национална безбедност денеска, 1 октомври, објави дека во координација со други надлежни институции презема активности за откривање и попречување пропагандна мрежа во Северна Македонија, која, според АНБ, има „деструктивна и малициозна агенда“ и дејствува во корист на странски, односно руски интереси.

Според официјалното соопштение, на 18 септември АНБ, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство спровеле истражни дејствија против македонски државјанин поврзан со странски фактори кои, како што наведува Агенцијата, создале пропаганден апарат со мрежа од портали интегрирани во македонскиот медиумски простор. Во неговиот дом бил извршен претрес и биле одземени предмети што се предмет на дополнително вештачење. Постои основано сомнение за кривичните дела предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, одавање службена тајна и ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

Најзначајниот дел од соопштението, сепак, ја надминува истрагата против едно лице. АНБ јавно опишува поширока инфраструктура на влијание. Според Агенцијата, вистинските актери се прикриваат зад клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет-домени, преку кои се шират дезинформации, лажни вести и преобликувани наративи за актуелни настани. Последиците, според АНБ, се поткопување на довербата во институциите и поттикнување етничка и национална омраза и нетрпеливост. Агенцијата експлицитно ја определува мрежата како структура „во функција на руските интереси“.

АНБ оди и чекор понатаму. Најавува продолжување на активностите против „субверзивно-пропагандни активности“ преку мрежа портали поврзани со „регионални проруски политички структури“, за кои оценува дека директно ги поткопуваат стратешките евроинтегративни процеси на земјата.

Ова не е изолиран случај. На 4 март годинава, АНБ соопшти дека биле попречени хибридни активности на домашни и странски недржавни прокси-актери, при што се користеле пропагандни материјали, социјални мрежи и бот-мрежа на информативни портали. Уште тогаш Агенцијата зборуваше за хибридно поткопување на евроинтегративните процеси и загрозување на националната и регионалната безбедност.

Оценката на АНБ е во линија и со официјалните проценки на Европската Унија. Во Извештајот за Северна Македонија за 2025 година, Европската комисија наведува дека хибридните закани остануваат ризик, особено преку малигно странско мешање, економски инструменти на влијание, операции во информацискиот простор и сајбер-напади. Во европските документи Русија е посочена и како актер во операции на странско манипулирање со информации насочени кон Северна Македонија.

ЦИВИЛ предупредува со години

За ЦИВИЛ, денешното соопштение на АНБ не открива непознат феномен. Организацијата повеќе од една деценија ја следи руската пропаганда и различните форми на хибридно влијание во медиумите, политиката, граѓанското општество, економијата и јавниот дискурс. Во архивите на медиумските платформи на ЦИВИЛ се објавени илјадници прилози, мониторинг-извештаи, анализи, истражувачки досиеја и едукативни содржини, а на темата ѝ се посветени и посебни секции и долгорочни проекти.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Овие активности се вградени и во интензивните меѓународни активности на ЦИВИЛ, вклучително и како организација ко-основал на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата и нејзината носечка програма Вестминстерска алијанса за Украина, но и низа други коалиции и меѓународни иницијативи.

Оваа работа денес е систематизирана преку Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани – CIVIL Hybrid Threats Monitoring – CHTM – чиј проширен мандат опфаќа детекција, анализа и разобличување дезинформации, странски операции на влијание, сајбер-манипулации, политичко мешање, говор на омраза и други компоненти на хибридното војување. Тимот е продолжение на долгогодишната мониторинг-работа на ЦИВИЛ на полето на дезинформациите и пропагандата.

Во специјалните извештаи „Боиште на наративи“ и „Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија“, како и долга низа други публикации и анализи, ЦИВИЛ мапираше токму модели што денес ги опишува и АНБ: локални посредници, медиумски и дигитални канали, регионални релејни системи, проруски политички и идеолошки наративи и механизми за поткопување на довербата во демократските институции и европската перспектива на земјата.

Со години, ваквите предупредувања беа изложени на минимизирање, потсмевање, притисоци, закани и кампањи за дискредитација. Во политичкиот, медиумскиот и дел од граѓанскиот дискурс руското влијание често беше претставувано како незначително, маргинално или измислено. Денешната институционална акција не претставува автоматска потврда на секој поединечен наод што ЦИВИЛ го објавил низ годините. Но, претставува силна институционална потврда на основното предупредување: руското хибридно влијание во Северна Македонија е реална безбедносна и демократска закана, со домашни и регионални канали и со организирана информациска инфраструктура.

И тајмингот е значаен. Соопштението на АНБ доаѓа на 1 октомври, само еден ден пред посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје. На 2 октомври таа ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на турнејата посветена на следните чекори во европската интеграција и постепеното приближување на регионот кон ЕУ.

Акцијата на АНБ има значење што е поголемо од една кривична истрага. По години во кои ЦИВИЛ во соработка со независни истражувачки и медиумски тимови алармираа за опасноста, институциите конечно јавно именуваат дел од проблемот: руски интереси, пропагандни мрежи, псевдо-медиуми, регионални политички врски и хибридно поткопување на европската перспектива на Северна Македонија.

Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

 


ЦИВИЛ МЕДИА | Преземањето е дозволено со атрибуција и активен линк.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: АНБруска пропагандахибридни операциицивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ