• Latest

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026 12:19
in ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, ЕВРОПА, СЛОБОДНА ЗОНА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 21 ноември во Украина се одбележува Денот на Достоинството и Слободата. Овој ден обединува два значајни настана од поновата украинска историја — Портокаловата револуција од 2004 година и Револуцијата на достоинството од 2013–2014 година. Иако се одвиваа во различни политички околности и имаа различни непосредни причини, двете револуции ја покажаа подготвеноста на општеството да ги брани своите права, слободи и демократски избор.

Денот на Достоинството и Слободата е востановен со Указ на Претседателот на Украина од 13 ноември 2014 година. Неговото воведување претставуваше не само оддавање почит на учесниците во двете револуции, туку и признавање на важноста на граѓанскиот активизам, храброста и одговорноста на луѓето кои застанаа во одбрана на националните интереси и европската иднина на Украина.

Првата масовна манифестација на таквиот општествен отпор беше Портокаловата револуција од 2004 година. Нејзина причина беа масовните прекршувања и фалсификувања за време на претседателските избори, кои требаше да му обезбедат победа на кандидатот на власта, Виктор Јанукович. Граѓаните кои не се согласија со резултатите од гласањето излегоа на улиците на Кијив и другите градови во Украина, барајќи чесно пребројување на гласовите и почитување на волјата на избирачите.

Масовните мирни протести, кои траеја неколку недели, станаа пример за широка граѓанска мобилизација. Важна улога во решавањето на политичката криза одигра одлуката на Врховниот суд на Украина, кој утврди дека не е можно веродостојно да се утврдат резултатите од вториот круг и наложи повторно гласање. На 26 декември 2004 година се одржа повторното гласање, на кое победи Виктор Јушченко. На тој начин, Портокаловата револуција покажа дека општеството е способно да влијае врз политичките процеси и да бара почитување на демократските процедури дури и во услови на конфронтација со власта.

Девет години подоцна, земјата повторно се најде пред важен политички и општествен избор. Во ноември 2013 година, одлуката на Владата да ги прекине подготовките за потпишување на Спогодбата за асоцијација со Европската Унија повторно ги изведе луѓето на Мајданот (Плоштадот) на Независноста. Првично, демонстрантите се залагаа за продолжување на европската интеграција, но по бруталното претепување на студентите во ноќта на 30 ноември 2013 година, нивните барања се променија. Општествениот протест прерасна во борба против насилството, самоволието на власта, корупцијата и кршењето на човековите права.

Така започна Револуцијата на Достоинството.

Украинците бараа не само враќање на европскиот курс, туку и изградба на држава во која власта е одговорна пред граѓаните, законот важи еднакво за сите, а човечкото достоинство и слободата не зависат од политичките одлуки на раководството. Конфронтацијата траеше неколку месеци и постепено добиваше сè потрагичен карактер. Особено драматични беа настаните во јануари и февруари 2014 година, кога полициските единици употребуваа сила против демонстрантите, а во центарот на Кијив дојде до смртоносни судири меѓу учесниците во протестите и припадниците на органите за спроведување на законот, вклучително и припадниците на специјалната единица „Беркут“.

Најкрвави беа настаните од 18 до 20 февруари, кога припадниците на органите за спроведување на законот употребуваа огнено оружје против демонстрантите. Учесниците во протестите кои загинаа од прострелни рани и други повреди влегоа во историјата како Хероите на Небесната Стотка. Нивната жртва стана симбол на борбата за слобода, човечко достоинство и правото на украинскиот народ самостојно да ја определува судбината на својата земја.

Овие две револуции претставуваа различни етапи од борбата на украинското општество за сопствениот политички избор и достоинствена иднина. Во 2004 година стануваше збор за правото на чесни избори, а во 2013–2014 година — и за правото да се определува насоката на развојот на државата, да се живее според демократските принципи и да се бара одговорност од власта. Истовремено, европскиот избор на Украина стана еден од факторите за конфронтација со Русија, која настојуваше да го задржи своето влијание врз украинската политика и го попречуваше самостојниот курс на државата.

По Револуцијата на Достоинството, оваа конфронтација прерасна во отворена вооружена агресија. Во 2014 година рф го окупираше Крим и започна војна во источна Украина, а на 24 февруари 2022 година изврши целосна воена инвазија. Оттогаш, борбата за слобода и независност доби нова димензија: она што Украинците претходно го бранеа на мирните протести, денес се принудени да го бранат од вооружен напад. Не станува збор само за територии, туку и за самото право на Украина да постои како суверена држава, самостојно да ја избира својата иднина и да ги зачува демократските вредности.

Токму затоа Денот на Достоинството и Слободата денес има посебно значење. Слободата не е нешто што се подразбира само по себе, а демократијата бара активен став и одговорност од секој граѓанин. Вредностите што ги обединуваа луѓето на Мајданите продолжуваат да се манифестираат во современото украинско општество — во борбата на војниците, волонтерските активности, меѓусебната помош и поддршката на оние кои настрадаа од војната.

Амбасада на Украина во Северна Македонија

Tags: демократијаДен на достоинството и слободатаЕвропаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ