• Latest

Онлајн пријава за кршење на работничките права

June 19, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Онлајн пријава за кршење на работничките права

June 19, 2017 14:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на стабилизација, распределби и утврдување на фактичката состојба во институциите, министерствата и сите надлежни органи на централно и локално ниво, работничките и работниците од текстилната индустрија во Македонија, продолжуваат да работат во досегашните услови, под истиот мобинг и притисоци, со неадекватни услови за работа и со неисплатени плати и прекувремена работа.

Токму поради неизвесноста, работодавачите уште повеќе „притискаат“ врз работниците, влевајќи им страв за да не се пожалат или да не излезат во јавност за проблемите во текстилната конфекција.

Штипското граѓанско здружение на текстилни и кожарски работници од источниот регион – „Гласно“ нуди опција за пријава на прекршување на работничките права, со што се гарантира анонимноста, а воедно, постои можност за правна заштита на работниците со повредени права, без страв дека потоа нема да им биде скратено правото на работа од работодавачите. Поднесувањето пријави за прекршување на работничките права се одвива по електронски пат, во потполна дискреција, односно, здружението „Гласно“ гарантира дека личните податоци на пријавувачите нема да бидат загрозени или искористени на незаконски начин.

Здружението ги охрабрува работниците да се борат за своите права, а со цел да се подигне свеста кај работниците, да се подобри нивниот социјален и општествен статус, како и да се подобрат механизмите за нивна заштита и нивно правно зајакнување. Повеќе информации работничките и работниците можат да најдат на веб страницата на Гласно.

 

 

 

Tags: „Гласно“анонимностпријаваработнички праватекстилна индустрија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ