• Latest

Европски пораки на балканскиот форум на граѓанското општество

July 10, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европски пораки на балканскиот форум на граѓанското општество

July 10, 2017 11:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанското општество е важно за ЕУ – е една од тежишните точки во првата сесија од Шестиот форум на граѓанското општество на земјите од Западен Балкан, што го организира Европскиот економско-социјален комитет во Сараево (ЕЕСК).

По поздравниот говор на градоначалникот на Сараево, Абдулах Скака, се обрати претседателот на ЕЕСК, Џорџ Дасис кој ги пренесе европските пораки за граѓанското општество, но и за политиките кои се однесуваат на синдикалното организирање, на слободата на изразувањето и на миграциите.

Горан Свилановиќ

Со инспиративен говор настапи Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, кој говореше за демократските вредности наспроти стабилноста и за обврските на балканските влади кон барањата на ЕУ, но и за обврските на ЕУ кон балканските држави. По краткото излагање на дел од претставниците на синдикатите од регионот, Свилановиќ апелираше до синдикатите да не гледаат кон граѓанските организации со резерва и компетитивност, туку да се солидаризираат.

Граѓанското општество е движечка сила на промените во општеството, рече Ионут Сибиан, член на ЕЕСК на почетокот на втората сесија, посветена на перспективите на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

ЕЕСК го организира шестиот Форум на граѓанското општество на Западен Балкан во Сараево на 10-11 јули 2017 година. Главните теми на агендата ќе бидат улогата на организациите на граѓанското општество во промовирањето на одржлив раст и вработување, миграцијата во Западен Балкан, слободата на изразување и медиумите, како и правата и зајакнувањето на положбата на жените.

Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓанско општествоЕЕСКЕУЗападен БалканфорумЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result