• Latest

Создадени се услови за демократски реформи на Македонија

July 12, 2017
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Создадени се услови за демократски реформи на Македонија

July 12, 2017 16:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од шестиот Форум на граѓанското општество на Западен Балкан што во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК) се одржа на 10 и 11 јули во Сараево, произлезе и финалната Декларација за оценките и препораките за односите меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Околу 100 учесници и претставници на граѓанското општество од ЕУ и Западен Балкан, како и претставници на институциите на ЕУ, меѓународните организации и владите во регионот, го поздравија напредокот што поголемиот дел од земјите од регионот го оствариле во однос на пристапувањето кон ЕУ, од последниот форум кој се одржа во Белград, во јуни 2015 година.

На Форумот беше истакната клучната улога на граѓанското општество како движечка сила за промени во општеството.

На Форумот пред две години во Белград, беше препознаена важноста на настаните и процесите во Република Македонија и, врз основа на сугестиите на ЦИВИЛ во тоа време, Македонија беше присутна во две ставки во Декларацијата.

И оваа година, ЕЕСК ги следи процесите во Македонија со големо внимание и ја вклучува нашата земја речиси на самиот почеток. На Форумот во Сараево, во повеќе наврати се констатира дека се создадени услови за демократски реформи во Македонија.

„Учесниците го изразуваат своето задоволство бидејќи, се чини, дека долготрајната политичка криза во Македонија е во мирување и бараат од Советот, штом се исполнат условите, да се следат препораките на Европската комисија за отпочнување на преговорите со земјата“, стои во Декларацијата.

Покрај оценки и препораки за односите меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, декларацијата содржи и препораки во однос на улогата на социјалните партнери и на другите организации од граѓанското општество во промоцијата на одржлив раст и вработување, улогата на граѓанското општество во миграциите на Западен Балкан, слободата на изразување и медиумите, како и унапредување на жените и нивните права.

Финалната Декларација ќе биде проследена до владите на сите земји од регионот, европските институции, Советот за регионална соработка, Меѓународната организација за труд и Советот на Европа.

Tags: ДекларацијаЗападен БалканМакедонијапрепоракиСараевоФорум на граѓанско општествоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ