• Latest

Грухоњиќ: Учете од нашите грешки!

July 13, 2017
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грухоњиќ: Учете од нашите грешки!

July 13, 2017 16:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Форумот на граѓанското општество на западен Балкан, разговаравме со д-р Динко Грухоњиќ од Асоцијацијата на независни новинари од Војводина. Грухоњиќ за ЦИВИЛ Медиа даде оценка за состојбата на медуимите, медиумските слободи и слободата на изразување во Србија, како и препораки за своите колеги од Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Можете ли да ни ја објасните состојбата на медиумите, медиумските слободи и слободата на изразување во Србија, во моментов?

ГРУХОЊИЌ: За жал, сето она на што се надевавме дека ќе биде подобро, со падот на режимот на Милошевиќ, се покажа дека е една огромна и опасна илузија. Сите власти по Милошевиќ разработуваа свои сопствени механизми за притисок врз медиумите што, пред сè, се мешавина од политички и економски притисоци. Сегашниот режим на Александар Вучиќ сите овие механизми дополително ги усоврши. Што и не треба да не чуди, со оглед на тоа дека самиот Вучиќ е непријател на медиумските слободи, како министер за информирање, во време на најголемите репресии врз медиумите од 1998 и 1999 година, во време на убиството на нашиот колега Славко Ќурувија. Во последната година, повторно имаме ситуација не само на брутални, вербални закани со смрт, што не се истражуваат и тие заканувачи не се приведуваат, туку за жал, сè почесто имаме и физички напади врз новинари. Најсвеж пример е оној од 31 мај, за време на давањето заклетва на Вучиќ, како претседател на Србија, кога лица од неговото обезбедување на брутален начин ги спречуваа новинарите да известуваат за настанот и демонстрациите кои истовремено се случуваа пред Собранието. Имаме се почеста појава и упад на таканаречените десни екстремисти на разни случувања што се во организација на невладините организации или што ги организираат медуми кои не се режимски. Тоа е уште еден вид насилство, односно најдрастичен обид за цензура, за да се спречи зборувањето за некои теми кои не се „подобни“ и кои пред сè се однесуваат на одниосот на Србија кон Косово, кон Албанците, за најкомплицираното прашање кое ден-денес во Србија служи исклучиво за националистичка манипулација.

Откако е Вучиќ на власт, од година во година се бележи пад на медиумските слободи, бележиме сè поголема репресија, сè поголема опресија… Практично, имаме ситуација во која традиционалните медиуми се многу отворено прорежимски ориентирани, додека еден значително помал број медиуми, кои постојат главно на интернет и уште помалку како традиционални медиуми, едвај опстојуваат. Тие се обидуваат да понудат каква-таква алтернатива во овој владејачки систем на мислења.

ЦИВИЛ Медиа: Кое е вашето видување за македонските медиуми, токму во овој момент пред падот на Груевски?

ГРУХОЊИЌ: Ние во Србија, за жал, го имаме тоа искуство, по 5 октомври 2000 година, кога конечно го урнавме режимот на тогашниот диктатор Слободан Милошевиќ, и кога имавме големи надежи, барем кога станува збор за медиумите и за нас новинарите, и јас мислам дека тоа е добар рецепт за вас во Македонија. Кога се во прашање колегите од медиумите и колегите од организациите од граѓанското општество – учете од нашите грешки! Видете како се одвиваше тој процес во Србија, и како тогашната нова власт многу лесно и брзо се договори со медиумските тајкуни на Милошевиќ, како Жељко Митровиќ, сопственик на ТВ Пинк. Тие многу бргу сфатија дека е полесно покрај себе да имаат послушни и лојални медиуми и новинари, отколку да не имаат нас, кои бевме жестоки критичари на режимот на Милошевиќ.

Она што јас би сакал да се случи во Македонија е да не ја повторите нашата грешка и пред се да инсистирате на кривична одговорност! Сите оние медиуми кои работеле во корист на Груевски, а кои благодарение на нивната послушност биле противзаконски ослободени од плаќање на разни државни трошоци, даноци, треба да се истражат, на кој начин тие биле финансирани и од каде доаѓале тие пари. Сигурен сум дека во Македонија има доволно истражувачки новинари кои тоа може да го направат, и кои можат да извршат притисок пред сè врз Обвинителството, за да се покренат тие истраги. Во спротивно, ќе ви се случи она што ни се случи нам, а тоа се нарекува големо разочарување од т.н. нови демократски власти. Ние новинарите не треба никогаш да заборавиме дека власта има природна потреба да нè дисциплинира. Власта има природна потреба да одгледува послушничко новинарство. А ние, пак, имаме природна потреба тоа да не им го дозволиме! Мислам дека имате голема шанса и не зависи само од вас дали ќе успеете во тоа, но, сепак, мислам дека таа приказна за одговорноста на сопствениците на тие медиуми е клучна за иднината на медиумските слободи во Македонија.

Tags: Динко ГрухоњиќМакедонијаМедиумиодговорностслобода на изразувањеСрбијацензураЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ