• Latest

Недостасуваат пилоти, и на леталата им треба одмор!

August 9, 2017
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Недостасуваат пилоти, и на леталата им треба одмор!

August 9, 2017 16:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија во моментов активни пожари има во селата Заграт и Грашница во близина на Македонски Брод, во местото Јасеновска глава во Чашка, во селото Никодин и местото Слива, Прилепско, над селото Копанце во Тетовско, како и кај село Градманци, Општина Петровец – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, нема опасност од проширување на пожарите, зашто главно горат нискостеблеста шума и сува трева, а екипите се постојано на терен и соодветно дејствуваат.

Како што соопшти на прес-конференција Надица Вчкова од ЦУК, пожарите во останатите делови од Македонија се локализирани и ставени под контрола.

„Состојбата на терен постојано се следи, а надлежните заседаваат со цел ефикасна координација на активностите за гасење на пожарите. Уште еднаш апелираме, граѓаните да внимаваат при работа и движење на отворено, како и да ја почитуваат забраната за движење низ шумите. Казната за непочитување на овие мерки е од 1.500 до 2.000 евра, додека за потпалување на шумите е многу повисока“, соопшти Вчкова.

Во Општина Македонски Брод се локализирани пожарите во атарите на селата Близанско, Калуѓерец, Могилец, Растеж и Волче, додека во атарот на село Заграт, малото жариште кај местото Секулово гумно, вчера било локализирано, но денеска, поради силен ветер, се разгорело.

Активен, но локализиран е и пожарот кај селото Никиштани, Ѓорче Петров, а под контрола се ставени и пожарите над селото Бањиште кај Дебар, како и кај селото Галиште, кавадаречко.

Според Драги Тарчуговски, за гасење на пожарите во Скопско, од денеска е вклучена и израелската помош. Изгаснат е кракот кон Градманци, Катланово, кој зафатил зеленика, нискостеблеста и дабова шума, а останува уште кракот во правец кон селото Чифлик, каде се дејствува и од воздух и од земја.

Кризната состојба во Македонски Брод и Чашка што беше прогласена во неделата, останува на сила до 8 септември.

На дневен ред на денешната седница на Владата е и состојбата со пожарите во Македонија.

Пожарот кај касарната „Илинден“ го подметнало малолетно момче, кое заедно со уште две лица на возраст од 25 и 19 години, е приведено во полициската станица во „Карпош“.

Дирекцијата за заштита и спасување бара државата да вработи уште четири до пет пилоти, оти тројцата кои во моментот ги летаат противпожарните авиони се премалку. Според директорот Шабан Салиу, трите авиони се вклучени во гасењето на пожарите, но не можат да се користат со полн капацитет, бидејќи и пилотите и леталата мора да одмораат.

„Имавме координации во текот на оваа година и во текот на минатата година, баравме пилоти, меѓутоа тешко се наоѓаат… Имавме точно шестмина, едниот немаше обука, не можеше да се изврши обука, извесно време беше во Дирекцијата за заштита и спасување, и замина. Имавме и други двајца пензионирани пилоти од Армијата кои се вклучија во Дирекцијата за заштита и спасување, но пред извесен период си заминаа“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Салиу.

 

Tags: активни пожаривладаДирекцијата за заштита и спасувањекусок пилотиШабан Салиу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ